• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, август 25, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Публицитет

Сметководственото биро НИК – САН од Охрид денес одбележува три децении од формирањето

мај 15, 2024
in Публицитет
Сметководственото биро НИК – САН од Охрид денес одбележува три децении од формирањето

    На денешен ден пред точно 30 години во Охрид започна со работа сметководственото биро и консалтинг услуги НИК – САН.

-Во раните деведесетти во  времето на македонската транзиција кога една по една гаснеа и се затвораа дотогаш успешните фабрики и фирми, таа судбина да се најдам буквално на улица и надвор од работниот процес ја доживеав и јас лично, денес , како да било буквално вчера се сеќава Ники Маленковска – основачот на фирмата НИК – САН. Таа додава: – Тогаш работев во ЕЗЕРКА во тамошното сметководство со добро искуство кое претходно го стекнав таму но и во друга фирма во Скопје по завршувањето на Економскиот факултет.  Со месеци бевме во агонија без плата, фабриката се затвори и не пуштија под биро. Морав да барам личен излез и за себе и за семејството.  Собрав храброст и речиси бев првата жена во Охрид која се реши на сопствен бизнис. Буквално од нула, со еден компјутер, верба дека можам, многу знаење и меѓусебен респект со клиентите, вели Маленковска за  Публицитет. мк

Со нејзината голема трпеливост и упорност првите, двајца – тројца клиенти задоволни од сметководствените услуги ја препорачувале  нејзината фирма на други и така полека НИК – САН растел и се развивал низ  годините. Дел од првите клиенти со сопствени фирми лани и годинава веќе заминале во пензија и останале лојални до крај на сметководството НИК – САН што е уште еден доказ за професионалноста на тимот.

-НИК – САН иако одамна сум во пензија е семејна фирма јас денеска само помагам и како и претходно го споделувам моето големо искуство со многуте вработени кои беа дел од фирмата. НИК – САН  за многу од нив беше уште едно училиште плус или одразна штица пред да заминат во друга фирма или пак да се решат на формирање свој бизнис. Со силни емоции можам да кажам дека сите клиенти ги чувствувам како дел од моето семејство а тоа се однесува и за речиси сите мои соработници во фирмата со кои денес сме во најдобар однос и комуникација, додава Ники.

– Сметководствената фирма НИК – САН  опслужува близу 200 фирми од Охрид но и од Струга, Битола а ги има и од Скопје. Одамна сите четворица вработени поседуваат лиценци за сметководител и за овластен сметководител. Најзаслужна за развојот на семејната фирма е мајка ми Ники, но не смее да се заборави и ангажманот на мојот за жал покоен брат Славчо, неговата сопруга Александра и колешките Снежана Паункоска и Олгица Јанкулоска, ама и на сите оние кои со години се менуваа во тимот. Ние целосно сме отворени кон иднината и новите предизвици во оваа област, ни рече управителот Александар Маленко.

НИК –САН Ви го честитаме јубилејот, нека се множат убавите поводи и останете професионални и во наредните 100 !

Публицитет.мк

Посетеност: 685
Share
Previous Post

Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на моногенетски дијабетес (МODY)

Next Post

Поповиќ: Високото место во ЕФА е доказ за успесите на „Охридско лето“, остануваме посветени на тој пат

Next Post
Поповиќ: Високото место во ЕФА е доказ за успесите на „Охридско лето“, остануваме посветени на тој пат

Поповиќ: Високото место во ЕФА е доказ за успесите на „Охридско лето“, остануваме посветени на тој пат

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 685

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk