Деновиве младиот Христијан Китаноски – Кико од Охрид на големо го промовира своето второ авторско музичко дело „Софр оро“ .
Китаноски уште на 19 години, во 2023-тата го покажа својот музички талент и желба за компонирање а резултат на тоа беше „Свадбарското мекам оро“
Инспирацијата ја црпи од богатата охридско – македонска музичка ризница. Новото оро Кико го сработи заедно со Златко Миладиноски кој ја имаше улогата на аранжер и продуцент.
Публицитет.мк








