• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 16, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Со промоција на монографија уметникот Јордан Манасијески одбележува 55 години активно творештво

мај 30, 2025
in Во потрага по трајната убавина
Со промоција на монографија уметникот Јордан Манасијески одбележува 55 години активно творештво

По  успешните промоции на монографијата за живата охридска ликовна легенда Јордан Манасијески  во МАНУ во Скопје и во Културниот центар  во Битола, утре – сабота во организација на  Општина Охрид монографијата, ќе биде претставена и во Охрид, а  уметникот ќе одбележи и 55 години творештво.

Монографијата е обемно и богато дело од 480 страници со тврд повез, со преку 300 репродукции во боја и текст на македонски и англиски јазик. Таа е од енциклопедиско значење и содржи критички осврти од повеќе историчари на уметност и тоа: Салваторе Русо – Италија, Рути Такер – САД, Санда Станачев Бајзек – Хрватска, Драган Јовановиќ Данилов – Србија, Бисера Валева – Бугарија и од македонските критичари и вљубеници во уметноста Никола Николовски, Зекман Ракиповски,писателите Киро Донев, Трајан Мартиновски и новинарот – публицист Милчо Јованоски.

Ова издание ја содржи целокупната досегашна уметничка кариера на Манасијески, во која се документирани настаните од домашната и меѓународната уметничка сцена: промоции, изложби, учества на Интернационални уметнички салони за модерна уметност и добиени награди. Дополнителен акцент е даден и на изработката на стриповите, кои опфаќаат еден голем дел од неговата уметничка кариера, а претставени се и мал дел од неговите преку 2.000 идејни дизајнерски решенија.

Изработката на монографијата за Манасијески траеше повеќе од 6 години. Техничката подготовка и графичкиот дизајн се на  Боби Ќосев, а уредник на монографијата е неговиот долгогодишен промотор во светот Љупчо Жупан.

-Јордан Манасијески е автор, на некој начин гуру на ликовната уметност, не само во Македонија туку и пошироко. Неговата енергетска и антиматрикс ситуација не е само сликарство, туку е нешто повеќе. Тоа допрва ќе се открие. Тој е автор чии дела се еден вид отворање на оној невидлив свет на оние други слоеви, кои нашите сетила одбиваат да ги видат. Тој е автор на нашиот вистински дом, ќе рече промоторот, историчарот на уметност  Владо Ѓорески – Рафик.

    Со генерална поддршка од Лајонс клубовите од Охрид, настанот  ќе има и хуманитарен карактер – продажба на графики. Дел од средствата кои ќе се соберат ќе бидат донирани за настраданите лица во Кочани. Со свои музички точки пред присутните ќе настапат  познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски и женскиот хор „Акордис“.

Свеченоста посветена на големиот охридски, македонски и светски уметник кој со своите дела и изложби ги живее миговите на слава и го задолжил својот роден град  ќе се одржи  во големата сала на Општина Охрид со почеток во 19 и 30 часот.

Публицитет.мк

Посетеност: 1.521
Share
Previous Post

Слово за светите браќа Кирил и Методиј на фонот на Болоњскиот псалтир  

Next Post

Обезбедете огрев навреме по вонсезонски цени

Next Post
Обезбедете огрев навреме по вонсезонски цени

Обезбедете огрев навреме по вонсезонски цени

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 1.521

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk