Во ООУ „Св Наум Охридски“ беше промовирана новата најсовремена опрема за спортската сала. Проект заеднички го реализираа Министерството за образование и наука МОН и општина Охрид.

-Опремувањето на спортската сала со современи реквизити е дел од нашата образовна мисија за подобрување на условите на учениците за практикување секојдневна физичка активност и важен чекор кон создавање подобри услови за развој на идни спортските таленти, кои ќе чекорат по траекторијата на најпопуларните спортски асови, нагласи во поздравниот говор директорката Валентина Рубаноска.

-Денес со гордост можам да кажам дека таа привилегија по повеќе од деценија ја доби нашата спортска сала. Посакувам од овој храм на спортот да произлезат врвни спортисти кои ќе го афирмираат училиштето и Охрид, а спортската сала да биде арена за организирање голем број спортски настани со цел да се мотивираат што повеќе деца и млади да се занимаваат со напопуларните спортови, додаде Рубаноска.


Публицитет.мк