• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 20, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Стоечки овации за маестро Станисављевиќ и Нишкиот симфониски оркестар

јули 14, 2023
in Тикер
Стоечки овации за маестро Станисављевиќ и Нишкиот симфониски оркестар

Во извонредниот  амбиент на црквата „Света Софија“ вчеравечер музичката програма на „Охридско лето“ продолжи со концерт на Нишкиот симфониски оркестар од Србија кој настапи под диригентство на маестро Зоран Станисављевиќ.

Публиката имаше прекрасна вечер со модерниот репертоар на уметниците од овој состав кој постои веќе 70 години, а потврда за тоа беа бројните аплаузи и долгите стоечки овации.

-И ние заедно со публиката уживавме од почеток до крај на концертот. Нам ни се чинеше дека концертот помина за миг иако не беше краток. Среќни и задоволни сме што сме учесници на „Охридско лето“ зашто е реномиран европски фестивал и тоа особено ни значи и мене, но и на останатите музичари од оркестарот. Изведовме дела од Шостакович, Бритн, Барбер, Моцарт и Шуплевски. По бурните овации, бисот што го отсвиривме беше дело  на мојот многу добар пријател кој веќе не е меѓу нас, Срѓан Јаќимовиќ. Тоа беше композицијата „Бело танго“ од филмот „Бело одело“, вели диригентот Станисављевиќ.

capture 20230714 170542

Маестро Зоран Станисављевиќ од 2012 година е ангажиран како гостин диригент на Нишкиот симфониски оркестар. Работи како редовен професор на Факулетот за уметности во Ниш.

Нишкиот симфониски оркестар е добитник на значајни награди и признанија: Златна плакета на културно-просветната заедница на Србија, Наградата на ослободување на градот Ниш, Златна значка на Југословенските хорски свечености во 1970 година, како и највисокото признание на градот Ниш- наградата „11 Јануари“.Во февруари годинава, оркестарот е одликуван со указ на Претседателот на  Република Србија со „Сретењенскиот орден“ од трет степен.

Публицитет.мк 

Посетеност: 130
Share
Previous Post

Кики Лесендриќ на „Охрид фест“: Со посебно задоволство ќе дојдам во Охрид

Next Post

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ на јавноста за лажно претставување на субјект во името на Централен регистар

Next Post
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ на јавноста за лажно претставување на субјект во името на Централен регистар

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ на јавноста за лажно претставување на субјект во името на Централен регистар

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 130

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk