• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Томислав Тунтев избран за Потпретседател на Привремениот Совет на ЕУРОКОНТРОЛ

ноември 29, 2023
in Тикер
Томислав Тунтев избран за Потпретседател на Привремениот Совет на ЕУРОКОНТРОЛ

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев, е избран за Потпретседател на Привремениот Совет на ЕУРОКОНТРОЛ, Европската организација за навигација, управување и безбедност на воздушниот сообраќај.

Изборот беше извршен на 60-тото редовно заседание на Привремениот Совет, што се одржа на 28 ноември во седиштето на ЕУРОКОНТРОЛ во Брисел. Неговата кандидатура беше предложена од страна на српскиот Директорат за цивилно воздухопловство, како резултат на одличната меѓусебна соработка на цивилните воздухопловни власти од државите во регионот.

Foto Eurocontrol2

Тунтев беше едногласно избран за Потпретседател на Привремениот Совет од страна на сите присутни шефови на делегации – претставници од државите – членки на ЕУРОКОНТРОЛ. На тој начин, директорот на АЦВ доби двегодишен мандат на оваа престижна раководна функција, во 2024-2025 год. да биде дел од највисокото раководство на Привремениот Совет на ЕУРОКОНТРОЛ.

Привремениот Совет го сочинуваат над 140 претставници од 41 држава – членка на ЕУРОКОНТРОЛ и неколку придружни меѓународни институции и здруженија. Тоа е најголемото раководно тело, одговорно за имплементација на генералните политики на организацијата што ги утврдува Постојаната Комисија на ЕУРОКОНТРОЛ, во која членуваат министрите за транспорт од државите – членки.

ЕУРОКОНТРОЛ е најзначајната пан-европска цивилно-воена меѓународна организација, посветена на развојот и унапредувањето на воздухопловството во Европа. Во ЕУРОКОНТРОЛ членуваат 41 држава од европскиот континент. Раководни тела се Привремениот Совет и Постојаната Комисија, а извршно тело е Агенцијата. Основана е во 1963 год. и оваа година го прослави големиот јубилеј – 60 години од нејзиното формирање. Македонија е членка на ЕУРОКОНТРОЛ од 1989 год.

Изборот на Тунтев значи големо меѓународно признание за воздухопловно-транспортниот систем на Република Северна Македонија и за сите субјекти на македонската авиоиндустрија. Исто така, неговиот избор има големо значење и за останатите држави од регионот, затоа што тој е единствениот претставник од земјите на Југоисточна Европа во највисокото раководство на ЕУРОКОНТРОЛ.

Извор: Агенција за цивилно воздухопловство 

Публицитет.мк 

Посетеност: 218
Share
Previous Post

Охрид ќе биде полн со туристи за Нова година

Next Post

Струга домаќин на проектот: „Финансиска писменост за млади претприемачи -FinYes“

Next Post
Струга домаќин на проектот: „Финансиска писменост за млади претприемачи -FinYes“

Струга домаќин на проектот: „Финансиска писменост за млади претприемачи -FinYes“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 218

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk