Во трагичен настан што се случи денеска во станбена зграда во градба загина младиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев.
Кристијан имаше само 28 години и припаѓаше на новата генерација креативци и зад себе остави бројни проекти кои допреа до широка публика. Работеше активно во различни сфери, од реклами до документарни филмови. Автор е на бројни видео спотови за музичари, а работеше и на интернационални проекти. Соработуваше со Александар Јосифоски, Мартин Милески, Влатко Броз и Марама и многу други.
Ги бележеше традициопналните настани и случувања во Охрид и регионот, а учествуваше и во проекти за Бигорскиот манастир.
Веста за смртта на младиот Кристијан Љушев со неверување одекна во заедницата. Од него се простуваат блиските и пријателите кои се во шок по веста за трагичниот настан.
Публицитет.мк








