• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јуни 30, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Триумф на охриѓани во Неготино: ФК Вардар Неготино – ГФК Охрид Лихнидос 0:1

март 6, 2024
in Тикер
Триумф на охриѓани во Неготино: ФК Вардар Неготино – ГФК Охрид Лихнидос 0:1

Охриѓани триумфално продифелираа низ Неготино и славеа голема победа против борбените,но немоќни домаќини.
За одбележување е тоа што натпреварот се одигра на мошне тежок терен за игра.
Со оваа победа, охриѓани во целост на неготинчани им се реваншираа за непланираниот пораз во Охрид, во есенскиот дел од првенството.
Што се однесува до играта, може да се каже дека охридската екипа и покрај лошиот терен покажа одлична игра, со одлична поставеност, како и физичка издржливост, така што натпреварот од самиот почеток па се’ до самиот крај го одиграа во еден пеколен ритам за што заслужуваат честитки за таквата пожртвуваност.
Како награда на ваквата игра падна и единственит гол на натпреварот кој на охриѓани им донесе големи три бода, имено се играше 69 минута од натпреварот кога беше досуден пенал за охриѓани, а сигурен реализатор беше Филип Димоски.
До крајот домашните тргнаа на се’ или ништо, меѓутоа сите тие нивни напади беа навремено отстранувани од потесната одбрана на охриѓани предводени од голманот Дамјан Серафимов.
Со наметнувањето на ваквата игра на домашните охриѓани на неколку наврати можеа и да дојдат и до повисоко водство но сепак на крајот резултатот остана 0-1.

И.Арсеноски
Охрид Спорт

Посетеност: 121
Share
Previous Post

Доделување на книжевната награда за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“

Next Post

Вечерва спроти 8 Март ЖЦ „Бисера“ со традиционална изложба на жени – сликарки од Охрид

Next Post
Вечерва спроти 8 Март ЖЦ „Бисера“  со традиционална изложба на жени – сликарки од Охрид

Вечерва спроти 8 Март ЖЦ „Бисера“ со традиционална изложба на жени - сликарки од Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 121

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk