• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јули 5, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Трпејца од вечерва во знакот на културно – забавното лето „На зајдисонце“

јули 20, 2024
in На минување
Трпејца од вечерва во знакот на културно – забавното лето „На зајдисонце“

Од вечерва до  28 јули ( недела) во Трпејца по 13 пат ќе се одржува културно – забавното лето „На зајдисонце“.

Организаторот на летото Здружението „За Трпејца со љубов“ ветува интересна програма во која до израз ќе дојде креативноста на младите  но и промоција на Трпејца од историски, културен и спортски аспект.

Публиката на отворената сцена под ведро небо „Кај бунарот“ во наредниве девет дена ќе може да ја проследи проекцијата на документарниот филм: „Кино Охридско Езеро“ од Љупчо Паункоски. Ќе биде промовирана монографијата за селото „Трпејца – Трпеза со духовна благодат “ од авторот Игор Никовски, а младиот историчар Петар Симоноски ќе презентира факти за Трпејца во 16 век. Планирани се настапи на драмското студио „Цвет 75“ под раководство на Драгана Боцеска со претставата „Ќерките на  Фроса“ , концерт на млади музички надежи. Во текот  на организираното лето Креативни Боб техники со заинтересираните заедно ќе учат и ќе се забавуваат младите туристи  со инструкторите Валентина и Ангела Кузманоски. Во Трпејца  првпат  настап ќе има и новиот женски хор при Црвен крст – Охрид „ACordis“ под раководство на диригент Биљана Николоска.

И годинава нема да изостане популарната Трка со куфери по скалилата  во Трпејца, Фото конкурсот за најдобра фотографија  од Трпејца направена со мобилен и денот посветен на Кајакарскиот клуб   „Рибар“ и неговиот основач и тренер Номче Митрески.

Свеченото отворање на манифестацијата „На зајдисонце “ е вечерва од 20. 30 часот со мини изложба од ланската Меѓународна колонија одржана во Трпејца и со мини концертот на Влатко Броз и ДЏ Марама.

Во име на покровителот на летото Општина Охрид се очекува пред присутните туристи и мештани да се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник.

Публицитет.мк

Посетеност: 177
Share
Previous Post

Aкадемик Миле Д. Миќуновиќ: „Глупост“

Next Post

Италијанска вечер со барокниот ансамбл „Маре Нострум“

Next Post
Италијанска вечер со барокниот ансамбл „Маре Нострум“

Италијанска вечер со барокниот ансамбл „Маре Нострум“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 177

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk