• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, јуни 27, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Увозната зависност негативно влијае врз автомобилската индустрија

март 10, 2025
in Актуелно
Увозната зависност негативно влијае врз автомобилската индустрија

Европската автомобилска индустрија повеќе години наназад е во криза заради намалената продажба на автомобили. Поради тоа компаниите во земјава коишто се во веригата на добавувачи се директно засегнати од ваквите состојби. Најголем проблем е тоа што цените на увозните материјали постојано се зголемуваат, а купувачите од компаниите во Македонија бараат намалување на цените …

Како компании сме зависни од увозни компоненти, немаме развиени локални добавувачи на главните материјали, поради што зависиме од европските пазари, вели Наташа Јовческа, директорка на компанија која лее алуминиумски компоненти за автомобилската индустрија, инаку словенечка инвестиција. Цените на материјалите значително се зголемени, а царините се високи споредено со ЕУ иако беше извршено усогласување на царинските тарифи. Според неа има уште голем простор за коригирање со што домашните компании ќе бидат поконкурентни.

„Нашите купувачи коишто се главни во таа автомобилска индустрија ги притискаат нивните добавувачи, односно нас за намалување на цените. Од друга страна ние сме притиснати со зголемени набавни цени на енергенси и работна сила, така што тој вакуум простор се стеснува и остануваат многу малку финансиски средства за инвестирање и подобрување на работењето“, вели Наташа Јовческа-директорка на компанија.

Поради кризата нема да има отпуштања на работници, но нема ниту планови за нови вработувања, вели Јовческа. Недостигот од квалификувана работна сила ќе се надомести со автоматизација на производниот процес.

„Фокусот е генерално на автоматизација, како што кажав, меѓутоа тоа е еден процес којшто е капитално захтевен, бара многу финансиски вложувања во тоа и од друга страна потребно е да постојат на пазарот финансиски средства од страна на банките или институциите коишто ќе се стават на располагање на компаниите коишто се заинтересирани за инвестирање во автоматизација, бидејќи на долг рок тоа е исплатлива метода“, вели Јовческа.

Охридската компанија соработува со светски познати брендови како што се: Континентал, Костал, Мерцедес, последниве две години имаат проект за Тесла, а во преговори се и со Бош како главен добавувач на сегмент за електрични автомобили.

Сашо Нелоски

Извор: mrt.com.mk

Публицитет.мк

Посетеност: 119
Share
Previous Post

АЛПОЈО: Ако сте љубител на кафе – повелете го имаме најдобриот избор

Next Post

Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на гените одговорни за појава на Витилиго

Next Post
Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на гените одговорни за појава на Витилиго

Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на гените одговорни за појава на Витилиго

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 119

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk