• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Уникатната изложба со златните маски од Требениште, по Скопје, ќе биде поставена во Софија

август 23, 2023
in Култура
Уникатната изложба со златните маски од Требениште, по Скопје, ќе биде поставена во Софија

Изложбата со ексклузивните наоди од некрополата Требенеште, која во 2019 година, во рамките на соработката на музеите на Северна Македонија, Србија и на Бугарија, беше поставена во Скопје, како што беше најавено тогаш, го продолжува својот пат и ќе биде претставена пред бугарската јавност во Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија.

Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата од Министерството за култура за реализација на меѓународната изложба која е уникатна поради наодите кои ни го претставуваат животот покрај Охриското Езеро од 6 до 4 век пред нашата ера. Во поставката се и прочуените златни маски кои се чуваат во Белград, во Софија и една во Охрид, и кои за првпат на оваа изложба се изложуваат заедно.

Оваа поставка е уникатна и по тоа што на овој локалитет работеле археолози од трите земји, кои преку своите институции го афирмираат културното наследство од требенишкиот локалитет. Како резултат на соработката меѓу стручните тимови на Археолошкиот музеј на Северна Македонија, на  Националниот археолошки институт со музеј во Софија, Бугарија, и на Народниот музеј на Србија во Белград каде што се чуваат вредните артефакти од некрополата, во 2019 година се реализираше изложбата која заокружи единствена приказна за случајното откритие во 1918 година во близина на селото Требениште, крај Охридското Езеро.

Со огромна заинтересираност од јавноста беше проследена уникатната поставка „100 години Требениште“, која во Скопје беше отворена 6 месеци, а во Софија ќе биде реализирана како „105 години од Требениште“.

Со оваа изложба продолжува соработката меѓу трите земји за заокружување на ексклузивната приказна за Требениште, прв и можеби единствен пример на локалитет што е истражуван од три земји, промовиран преку три музеи – од Скопје, Белград и од Софија.

Извор: Министерство за култура 

Публицитет.мк 

Посетеност: 205
Share
Previous Post

АКАДЕМИК Д-Р МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ: ОД СЛОБОДА, ЕДНАКВОСТ И БРАТСТВО ДО САМОУНИШТУВАЊЕ

Next Post

Поетските надежи од Балканот на “Струшките вечери на поезијата”

Next Post
Поетските надежи од Балканот на “Струшките вечери на поезијата”

Поетските надежи од Балканот на "Струшките вечери на поезијата"

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 205

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk