• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Утре започнува 65. „Охридско лето“

јули 11, 2025
in Култура
Утре започнува 65. „Охридско лето“

Под мотото „Трансформација на сетилата“  , утревечер од 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Честа  да ја започнат 40-дневната фестивалска програма ја имаат американската пијанистка со блескава кариера Клер Хуангчи и уметниците од Националната филхармонија на Р.С.Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер.

Клер Хуангчи  е родена во Рочестер, Њујорк. На многу рана возраст започнува да учи пијано и во 1999 година е поканета да настапи во Белата куќа. Студирала со Гери Графман и Еленор Соколоф на Институтот „Куртис“, пред да се пресели во Хановер и да продолжи да студира со Ари Варди. Нејзината кариера започнува да оди во нагорна линија откако освојува високи награди на натпреварите АРД во Минхен, на натпреварот „Геза Анда“ и гран-при на Академијата за свирење и диригирање во Париз.  Оттогаш често се јавува во двојна улога – како солист и диригент. Таа е амбасадор на издавачката куќа „Хенле“ и уметнички директор на серијата Камерни концерти во Ербах.

Едвин Аутвотер е еден од диригентите кој ги крши стандардните рамки на концертните доживувања и како куратор и продуцент, и е познат по неговиот динамичен пристап и крос-овер проекти во кои успешно ги спојува различните музички жанрови.  Работи со различни високопрофилни уметници од бендот „Металика“, преку Винтон Марсалис, Рене Флеминг, Јо-Јо Ма, а неговата креативна визија и можност лесно да навигира во различни музички правци го прават „еден од најиновативните диригенти на денешницата“. 

Македонската филхармонија е единствен државен симфониски оркестар во земјата кој осум децении освен што ја промовира класичната музика на највисоко ниво е главен промотор и на македонската музичка мисла и на домашните композитори и изведувачи од нејзиното основање до денес.

San Francisco Symphony with Edwin Outwater, conductor and curator, present “Dream State.” With Eliza Bagg, Vocalist, Daniel Handler, Narrator, Nadia Sirota, Viola, Helen Kim, Violin, and Adam Tendler, Piano. At Soundbox on Friday night, December 14, 2018.

Фестивалот „Охридско лето“ се одржува под покровителство на претседателката на Р. С. Македонија Гордана Силјановска-Давкова и со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам кое годинава издвои 31 милиони денари.

-Ова е значајна финансиска поддршка што ја добиваме од Министерството за култура и туризам за реализација на 40. фестивалски денови кои ќе донесат врвна програма достојна за одбележување на 65. успешни години, вели директорот на „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски кој ветува дека  програмата ќе ја оправда во целост дадената доверба.

Генерален спонзор на  фестивалот е А1 Македонија, а  годинешната програмата е поддржана и од Општина Охрид, од амбасади на странските земји во Македонија, како и од бројни спонзори и помагатели.

Од 1994 година  „Охридско лето“ е и член на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА) која вклучува повеќе од 140 фестивали од 40 земји.

Посетеност: 437
Share
Previous Post

Смеењето е најцивилизирана музика на светот

Next Post

Изложба на Слаѓана Кировска во Охрид

Next Post
Изложба на Слаѓана Кировска во Охрид

Изложба на Слаѓана Кировска во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 437

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk