Манифестацијата “Културно лето Пештани“традиционално ќе продолжи и оваа година. Сите уметности ќе бидат споени во една целина. Љубителите на уметноста ќе можат повеќекратно да уживаат во миксот од серенадите проткаени со поезија и проза.
Свеченото отворање ќе биде утре – сабота со почеток во 20.30 часот на самиот брег, во центарот на Пештани.
Од 11. до 13.август со почеток во 17.00 часот ќе се реализира сликање и цртање на
зајдисонце како и изложување на ракотворби од културната работилница

Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение “ ARTE AZZURRA” со поддршка на Општина Охрид.
Публицитет.мк