На четвртото издание од меѓународниот натпревар по пијано во организација на Музичкото училиште Тиват , кој веќе се наметна на регионалната мапа на уметнички натпревари, учествуваа 156 натпреварувачи од Црна Гора, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија и Украина. На овој значаен музички настан кој се одржа од 8-11 Мај , учениците од класата на проф. Ана Ѓорѓиоска: ученикот Борјан Николоски V одд, освои ПРВА награда , а ученичката Ана Кузманоска VIII одд , ја освои ВТОРАТА награда. Тие покажаа извонредна техничка умешност и музичка чувствителност, што беше препознаено и од страна на стручната комисија.

Огромна чест е што за уметничките достигнувања на овогодинешните млади учесници, одлучуваше реномирано меѓународно жири, составено од истакнати педагози, пијанисти и музички творци: Олга Борзенко, Лидија Молчанова, Драгомир Братиќ, Иванка Кордиќ. Нивното присуство на овој натпревар му дава дополнително значење и гарантира највисоко ниво на професионално оценување.

Овие успеси се уште еден показател дека потребно е да се помине исклучително долг пат на кој освен талент, треба упорност, љубов, поддршка од зад сцената, знаење, самодоверба и храброст.

Со сето ова, резултатот не може да биде незадоволителен, бидејќи не е претставен со поени, туку со самите квалитети споменати претходно.
Публицитет.мк