Охриѓани загубија уште еден дерби натпревар на домашен терен и тоа против лидерот на табелата екипата на Беса.
Кога уште во раната фаза од вака важен натпревар гостинот ќе ви постигне во овој случај ,,ефтин” гол, тогаш пропаѓаат сите концепции и планови кои се зацртани, како понатака.
Така беше и на овој натпревар кога гостите уште во првите десетина минути поведоа со 0-1.
Што се однесува до самиот натпревар слободно може да се рече дека гостинската екипа искористи се’ што можеше да се искористи и заслужено ги однесе бодовите од Охрид.
Охридската екипа можеме да констатираме дека и покрај поразот одиграа добро, во целиот тек од натпреварот поседот на топката беше на нивна страна, но каква корист од тоа кога сето тоа не го резултираа и со голови.
Во втората половина од натпреварот кога охриѓани притиснаа и намалија на 1-3 домашните се обидоа да направат и нешто повеќе, но резултатот остана непроменет.
И. Арсеновски
Охрид Спорт
Публицитет.мк