Јелена Розга, синоќа, со неверојатно убава енергија, размени емоции со повеќеилјадната публика, коишто можат да се излеат на античкиот театар во Охрид.
Таа, со изведбата на нејзините најпознати песни и со извонредната оркестрација на гудачкиот состав, се соедини со душите и чувствата на сите нас, потврдувајќи го епитетот на поп дива на хрватската и на балканската музичка сцена кога станува збор за поп музиката, скоро три децении.

Искреноста со која пленеше цела вечер, беше наградена со повеќе од два часа пеење во еден глас заедно со неа.

Тоа беше само една прекрасна увертира на долгиот музички празничен викенд и концерт, кој долго ќе се памти.
Новинар: Весна Цветаноска
Публицитет.мк