• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 28, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Црвен крст – Охрид вклучен во активностите за Богојавление – Водици и Денот на рибарите

јануари 16, 2024
in Тикер
Црвен крст – Охрид вклучен во активностите за Богојавление – Водици и Денот на рибарите

Во рамките на одбележувањето на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст – Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност.

На 18 јануари (четврток) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст -Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст – Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и да се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од околу 8 степени.

Традиционалната крводарителска акција „Водици 2024“ под мотото „ЕДНА КАМПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ’“ во организација на Црвен крст – Охрид ќе се реализира на 19 јануари (петок) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Ги покануваме нашите сограѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци.

За настанот на осветувањето на водата во Охридското Езеро и скокање по крстот на Градското пристаниште во Охрид на 19 јануари  (петок), Црвен крст – Охрид ќе се грижи за безбедноста на капачите во вода и сите посетители на настанот со  тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште и во спасителни чамци во вода,  нуркачки тимови, како и со медицински тимови за укажување прва помош со амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош со амбулантско возило.

Црвен крст – Охрид до сите оние кои ќе бидат дел од настанот за одбележување на празникот Богојавление-Водици на Градското пристаниште во Охрид упатува апел за почитување на следните препораки:

–           Со огледа на ниската температура на водата во Охридското езеро-(кај пристаништето околу 8 степени),    релативно ниските температури на воздухот кои се најавуваат за 19 јануари (околу 9 степени), силен југозападен  ветар со брзина од околу 10 м/с, повикуваме на исклучително високо внимание, сериозност и претпазливост на оние кои ќе влегуваат во водите на Охридското Езеро:

о          Да не влегуваат во вода доколку чувствуваат слабост или имаат каков било здравствен проблем

о          Да не конзумираат алкохол пред влегување во вода, а да конзумираат топли безалкохолни напитоци-чај

Алкохолот рапидно го забрзува намалувањето на температурата во организмот.

о          Оние што ќе влегуваат во вода, во неа да се задржуваат кратко (не подолго од 3 мин.)

Во вода телото се лади десетина пати побргу отколку во воздух, особено при зголемени телесни активности.

о          Да облечат обувки при влегувањето во вода

о          Да имаат сува и топла облека по излегувањето од вода

–           За сите кои ќе бидат дел од настанот на Градското пристаниште на копно, препорачуваме:

о          да облечат повеќеслојна облека

о          да конзумираат топли безалкохолни напитоци-чај, вела од Црвен крст – Охрид.

Публицитет.мк

Посетеност: 254
Share
Previous Post

Националната комисија за УНЕСКО и НП „Галичица“ со софтвер ќе ги утврдуваат дивоградбите на охридското крајбрежје

Next Post

Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024

Next Post
Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024

Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 254

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk