Црвен крст Охрид е овластена организација за спроведување на обуки за Лични асистенти на лица со попреченост во Охрид и Дебрца, според верификувана програма на Центар за образование на возрасните при Министерство за образование и наука на РСМ.
Со цел развивање на услугите за долготрајна помош на лицата со попреченост од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира обука за Личен асистент на лица со попреченост. Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 2 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник и дефектолог), пет дена во неделата, во период заеднички договорен.
По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен сертификат за Личен асистент на лица со попреченост и добива можност за платен, работен ангажман во Нега центарот на Црвен крст Охрид.
Заинтересираните кандидати на возраст од 18-60 години, ќе можат да добијат повеќе информации и искажат интерес за обуката со јавување на еден од телефоните 046 261909 и 070 315309, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk или во просториите на Црвен крст Охрид.
Конкурсот за пријавување на кандидати за обука на Личен асистент на лица со попреченост ќе биде отворен од 13.11. до 19.11.2023.
Ги очекуваме сите оние кои имаат желба и потреба да стекнат вештини и знаења за Личен асистент на лица со попреченост и бидат дел од тимот на Нега центарот на Црвен крст Охрид.
Со почит,
Претседател
Сашо Точков
Секретар
Мимоза Ставрева