Македонските граѓани денеска прославуваат 120 години од започнувањето на Илинденското востание прогласувањето на Крушевската Република како и 79 години од Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на македонската државност.
Традиционално во чествувањето на Денот на Републиката, највисоките претставници на македонскиот државен врв ќе имаат пригодни обраќања до јавноста,
Претседателот Стево Пендаровски ќе говори во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, претседателот на Собранието Талат Џафери на Мечкин Камен во Крушево, додека премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на свеченост на тврдината Кале во Скопје.
Претходно, по повод 120- годишнината од Илинден, македонската влада донесе одлука за формирање две нови национални установи од областа на културата кои ги афирмираат личностите и настаните поврзани со Илинденскиот период и со македонската државност, информира Министерството за култура.
„Десет дена Крушевска Република“ и „Денови на Смилевскиот конгрес“ ќе функционираат преку целата година како национални установи.
Извор: www.dw.com
Публицитет.мк