Српската музичка поп дива, Јелена Томашевиќ, утревечер ќе пее пред охриѓани и многубројните посетители од регионот, со ноти кои освојуваат на прво слушање.
Нејзиниот раскошен глас ќе одекне од трибините на античкиот театар, низ хитовите ,,Оро”,песна со која што ја претставуваше Србија на Евровизија во 2008 година, ;;Јутро”, ,,Да ми је да ми се врати”, ,,Мед и жаока”, ,,Име моје” и многу други.
Позади нејзиното име стојат и три студиски албуми: ,,Панта Реи” од 2008 година,”Име моје” издаден во 2015 година и ”Искрена”, издаден во 2024 година.
Освен музиката, таа успешно се занимава и со синхронизација на долгометражни анимирани филмови како што е ,,Малиот принц”, а долги години беше дел од жирито на детското музичко натпреварување ,,Пинкови ѕвездички”.

Организатор на концертот е ,,Прагма продукција”, а почетокот е закажан за 21 часот. Картите се по цена од 1000 денари, и можат да се набават преку продажната мрежа на www. kupikarta.com.
Публицитет.мк