• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Ќе се снима документарц за првата прослава на независноста со песните од „Гоце фест“

септември 7, 2026
in Омнубус
Ќе се снима документарц за првата прослава на независноста со песните од „Гоце фест“

Наскоро ќе се снима документарен филм со сеќавања од одбележувањето на првата годишнина од референдумот за самостојна и суверена македонска држава, која се случила на 8 септември 1992 година, на плоштад Македонија, Скопје. Таа се случила спонтано и била исполнета со песните од „Гоце фест 1992“.

Директорот на фестивалот, господинот Пеце Здравковски се посетува:
– На 7 септември 1992 година, една група, членови на КУД „Гоце Делчев“ од Скопје и основачи на фестивалот „Гоце фест“, јас Ванчо Тарабунов, Мирослав Спироски и Миле Ситниковски, сосема случајно се најдовме на Плоштадот Македонија, каде, пред Камениот мост имаше поставена бина. Помисливме дека е планирана прослава за одбележување на годишнината од одржувањето на референдумот, но беше чудно што нема никаква најава. Ванчо Тарабунов, кој тогаш работеше во Македонското Радио и Мирослав Спироски, новинар во Редакцијата на весникот „Нова Македонија“, тврдеа дека доколку нешто се организира сигурно ќе имало најава за тоа. Бидејќи тоа беше време во кое немаше мобилни телефони, се упативме кон МКЦ каде се наоѓаше седиштето на КУД „Гоце Делчев“ и по телефон се обидовме нешто да дознаеме. Ванчо се јави во Радио Скопје. Спироски во „Нова Македонија“, а пак јас му се јавив на Мирко Стефановски, тогашен секретар на Културно – просветна заедница на Скопје и тој ни кажа дека бината на Плоштадот е останата од некаков претходен настан, што веќе се одржал, но дека е најдобро да се обратиме во Градот Скопје…

Здравковски се сеќава дека тогаш рака им поддал, еден исто така реномиран музичар, кој извршувал одговорна функција и ги охрабрил да го одржат настанот.

– Се јавивме кај Јове Кекеноски, тогашен претседател на Советот на Градот, кој ни кажа дека ништо не е планирано да се одржи на Плоштадот, а дека на бината која веќе требало да ја демонтираат е поставена од некое градежно претпријатие. Но, исто така ни рече „Штом досега не е демонтирана, убаво би било, да се организира културно уметничка програма и да се одбележи првата годишнината од осамостојуването на Македонија“. Направивме програма, во која, предвидовме КУД „Гоце Делчев“ да изведе неколку кореографии со песни и ора од сите краишта на Македонија и дека треба да бидат застапени песни кои истата 1992 година беа изведени на „Гоце фест“, а во кои се опејува независноста на Македонија…

Почнал да вртат по телефони, и на нивно големо задовоство, на сите што им се јавиле веднаш прифатиле да учествуваат во програмата.

Сè било организирано, за само една ноќ.

-Знаевме дека Гоце Арнаудов не е во Македонија и дека настапува во Инџија – Србија но Ванчо Тарабунов имаше телефон, го побара и за среќа го доби. Му објасни за што се работи а тој пак, со одушевување прифати. „Ќе дојдам со автомобил, рече, ќе настапам и веднаш се враќам за Инџија“, бидејќи таква му била работата. Му кажавме дека нема да има хонорари, но дека ќе му го покриеме трошокот за гориво. Тој и тоа го одби. Дојде во Скопје, настапи и веднаш замина. Така, по телефон ги обезбедивме и останатите учесници и водителот на програмата Симон Беличанец. Озвучувањето го обезбеди Ангеле Вирановски. За сценографијата го искористивме државното знаме на Република Македонија. а буквите за насловот на настанот „Честит 8 септември“ ги изработи сценаристот од МТВ Боро Матевски. И така, на 8 септември 1992 година со програма во траење од околу 90 минути се одбележа првата годишнина од осамостојуването на нашата Македонија.

Плоштадот бил преполн со народ, а манифестацијата завршила со општонародно оро и песната „Вие се оро македонско“ во изведба на Ванчо Тарабунов и членките на групата „Сирма“ и оркестарот под раководство на Ѓорѓи Димчевски.

Програмата ја збогатиле и КУД „Гоце Делчев“- Скопје со „Комитска легенда“, „Бајрачето“ – „Китка песни и ора од Егејско“, „Разигран и распејан Пирин“- китка песни и ора од пиринско и секако песните во изведба на големи фолк легенди.

Дел од нив наскоро ќе застанат пред камерата на познатиот снимател Јован Јон Настевски, за да ни раскажат како било.

Здравковски се потсетува дека потоа и во ресторанот на Матицата на иселениците поминалее незаборавна патриотска вечер со музика, песна, оро и стихови од Кочо Рацин, Блаже Конески, Гане Тодоровски, Анте Поповски и други, што ги читаше незаменливиот Симон Беличанец.

Во прославата настапиле:

 1. „Глас на народот“ – (Т.Таневски- М.Белдедовски- Т.Таневски) – Гоце Арнаудов

2. „Трет Илинден“ – (Н.Џорлев- Ѓ.Георгиев- Н.Џорлев)- Ѓоко Дончев

3. „Македонијо, моја најмила“ – (Н.Џорлев- С.Х.Јоциќ- Н.Џорлев)- Петранка Костадинова

4. „Македонијо, мајко запеј“- (З.Марковски- А.Славковски- З.Марковски)- Војо Стојаноски

5. „Мајка“ – (М.Марбаровски- Е.Гашев- М.Барбаровски) – Кирчо Поп Лазаров

6. „Ние сме род македонски“- (Г. Копров- М.Стојановиќ- Т. Трајчевски Тоде) – Захаринка Милосавлевиќ

7. „Летај соколе“- (Д.Анастасов- Д.Анастасов- Д.Анастасов) – Момо Николовски

8. „Народе македонски“- (Б. Тодоров, Л .Тодорова, Т.Таневски)- Борис Тодоров

9. „Македонско знаме“- (Ј.Узунов-Ј.Узунов- Ј.Узунов)- група „Сирма“

10. „Запеј Македонијо“ – (К.Наумовски- К.Наумовски- К.Наумовски), Коста Наумовски

11. „Судбо македонска“- (Т.Јованов- Тоде- М.Спироски- Т.Јованов- Тоде)- Сузана Спасовска

12. „Ах рани, рани“- (Д.Даутовски- Т.Витанов- Д.Даутовски)- Круме Спасовски

13. „О, царска земјо“- (М.Барбаровски- В.Тарабунов- М.Барбаровски)- Ванчо Тарабунов

14. „Горда Mакедонка“- (Т.Јованов-Тоде- Т.Јованов-Тоде- Т.Таневски)- Славка Младеновска

 15. „Хеј, хеј честито“- (Ј. Христовски- Ј. Христовски, Д. Имери)- Јонче Христовски

Честит 8 Септември!

ГЛАС НА НАРОДОТ- Гоце Арнаудов

Публицитет.мк

Посетеност: 260
Share
Previous Post

Фото на неделата: „Трпејца“ Јованчо Стојаноски

Next Post

Броз и Марама пеат за една „Скопјанка“  

Next Post
Броз и Марама пеат за една „Скопјанка“  

Броз и Марама пеат за една „Скопјанка“  

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 260

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk