Синоќа со концерт насловен „Охридска визита“ во предворјето на катедралната црква „Св. Софија“ младиот состав кој ја продолжува традицијата на ансамблот „Билјана“ некогаш предводен од хармоникашот Кузман Поп Стефанија одбележа 10 години од формирањето.
Во прекрасен амбиент на концертот покрај членовите на „Билјана“: Јован Поп Стефанија, Ангел Трајковски, Христијан Томевски и Христијан Чавкоски, настапија и саксофонистот Горан Папаз, Емилија Колоска, Мартина Костова вокал на Ансамблот за народи песни и игри „Танец“, и групата „Камелеон“.
Нанижаните охридски староградски песнопојни бисери измамија безброј аплаузи од присутната публика а момчињата од „Билјана “ и овој настан го посветија на својот другар, соработник и член Андреј Лаброски, кој за жал предвреме ги напушти.
Фото: Емил Јовановиќ
Публицитет.мк