• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, мај 20, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

10 Најдобри режисери во историјата на филмот (2)

јуни 16, 2018
in Филмољубие
10 Најдобри режисери во историјата на филмот (2)

Интернет сајтот Ranker ,неодамна објави листа на најдобрите режисери во историјата на седмата уметност направена според гласањето на љубителите на филмот.

Се работи за листа на најголеми режисери во историјата на филмот, кои најмногу ги заслужиле наградите на Академијата и признанија од страна на критиката.

 Листата вклучува режисери кои веќе освоиле големи награди, режисери кои сеуште се активни и кои имаат потенцијал да освојат Оскари и филмаџии, кои во текот на нивните животи биле занемарени од Академијата.

Оваа листа не ги почитува оние кои го освоиле во минатото или ќе победат во иднина, а наместо тоа се фокусира исклучиво на квалитетот на филмот и на важноста на самите филмови. Еве кои се останатите пет режисери  од шестото до десетото место  на оваа листа:

          capture 20180616 095127           

 

6.КВЕНТИН ТАРАНТИНО

Квентин Џером Тарантино е американски филмски режисер, сценарист, кинематографер, продуцент и актер. Неговите филмови се карактеризираат со не-линеарни приказни, сатирична субјектност и естетизација на насилството, како и карактеристики на нео-ноар и западни шпагети вестерни. Тарантино израснал како опседнат љубител на филмови кој работел во Video Archives, продавница за изнајмување на видео касети додека  го учел филмскиот занает.

 Неговата кариера започна во доцните 1980-ти,поточно во 1987 година , кога го напиша и го режираше филмот „Роденденот на мојот најдобар пријател“, чие сценарио претставува основа за вистинска романса. Во раните 1990-ти години, ја започна својата кариера како независен режисер со филмот  „ Резерват за кучиња“во 1992 година кој се смета за класичен и култен хит.Потоа следуваат: ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ (1994), ЏЕКИ БРАУН ( 1997), УБИЈ ГО БИЛ 1 и 2 (2003/2004), СМРТ ЗА ДОКАЗ (2007),

НЕСЛАВНИ КОПИЛИЊА   (2009),ОСЛОБОДЕНИОТ ЃАНГО ( 2012), ОМРАЗЕНИТЕ ОСУММИНА ( 2015)…Моментно го реализира својот најнов филм „ Се случи еднаш во Холивуд“ во кој се говори за убиството на актерката Шерон Тејт. Филмот се очекува во следната 2019  година.

Досега има освоено два Оскари за најдобро сценарио (1994 и 2015).

                  

 capture 20180616 095212

7.АКИРА КУРОСАВА

Акира Куросава беше јапонски режисер. Забележан е  како еден од најважните и највлијателните филмаџии во историјата на филмот. Куросава режирал 30 филмови во својата кариера во период од 57 години. Куросава влезе во јапонската филмска индустрија во 1936 година, по кусиот период  во кој се занимавал со сликарство .

 По неколку години работејќи на бројни филмови како помошник режисер и сценарист, дебитира како режисер во 1943 година, за време на Втората светска војна, со популарниот акциски филм „Санширо Сугата“.

По војната тој го режира филмот „ Пијаниот ангел“кој критиката добро го примила.Во тој филм за првпат се појавува актерот Тоширо Мифуне кој подоцна ќе обележи многу филмски класици на Куросава.По овој филм Куросава во Јапонија се зацврстува како еден од најзначајните режисери.

Тоширо Мифуне и Куросава соработувале во 15 заеднички филмски проекти.

Еден од неговите најдобри и најпознати филмови „ Рашомон“во кој главната улога ја толкува Тоширо Мифуне,во 1951 година го освои „ Златниот лав“ во Венеција. По ова признание филмот станува мошне популарен во Европа и САД и ги отвори вратите за јапонскиот филм и другите филмски творци од оваа земја.

Во текот на педесетите и раните шеесетти години од изминатиот век, Куросава сними уште неколку филмови кои ја обележаа неговата кариера: „ Да се живее“(1952), „ Седумте самураи“ (1954) и „ Телесна стража“ (1961).

По творечката криза во шеесетите , тој успешно се враќа во осумдасетите години со два класици „ Кагемуша“ и „ Ран“.За „ Кагемуша “ по втор пат ќе биде награден со наградата „ Златен лав“ во Венеција.

Во 1990 година тој доби Оскар за животно дело.Куросава се смета за еден од најголемите уметници од просторите на Азија и еден од најголемите филмски творци во светски рамки.

                    

 capture 20180616 095250

8.КРИСТОФЕР НОЛАН

Кристофер Едвард Нолан е британско американски режисер, сценарист и продуцент. Тој создаде неколку од најпознатите критички и комерцијално успешни филмови од почетокот на 21 век. Девет негови  филмови заработија повеќе од 4,2 милијарди долари ширум светот и освоија вкупно 26 номинации за Оскар и седум награди.

Одкако во 1998 година го направи своето режисерско деби со филмот „Следното“, тој привлече големо внимание со неговиот втор игран филм „Мементо“. Извонредниот успех на  овие независни филмови му овозможија  на Нолан да го направи високо буџетски трилер “Инсомнија”, како и прекрасната  драма “Престиж”.

Извонреден успех на кино благајните доживеа со триологијата за „ Темниот витез“ , но и со филмовите „ Почеток“ , „ Интерстелар“ и неговото последно остварување – воениот спектакл „ Данкирк“.

Неговите филмови досега добиле пет номинации за наградата Оскар.

 

                   capture 20180616 095327

9.ОРСОН ВЕЛС

Џорџ Орсон Велс беше американски актер, режисер, писател и продуцент кој работел во театар, радио и филм. Тој најдобро се памети за неговата иновативна работа во сите три медиуми: во театарот, особено во Цезар, револуционерна адаптација на Бродвеј на Јулиј Цезар; на радио, во 1938 ја  емитуваше научно фантастичната драма “Војна на световите”, една од најпознатите во историјата на радиото; и во филмот, „Граѓанинот Кејн“,кој  постојано се рангира како еден од најголемите филмови на сите времиња. Филмот имаше номинација за Оскар за најдобар филм, режија и главна улога која ја толкуваше Орсон Велс.Иако филмот не доби Оскар , овој филм во 1999 година беше прогласен за најдобар филм на 20 век. Како филмски режисер не постигна забележителен успех, но затоа доживеа голема популарност како филмски актер.

Статусот на филмска ѕвезда го потврди со улогата во филмот „ Третиот човек“ од 1949 година во кој одигра улога на супериорен криминалец. Според истоимената трагедија на Шекспир „ Отело“ тој во 1952 година го реализираше истоимениот игран филм кој му ја донесе Златната палма на Канскиот филмски фестивал.Во 1958 година го реализираше филмот „Допирот на ангелот“ а во 1974 година го сними својот последен филм „ Вистини и лаги“. Една година подоцна ја доби наградата за животно дело од страна на Американскиот филмски институт.Својот последен настап како актер тој го имаше во анимираниот филм „ Трансформери“ во 1986 година, позајмувајќи го гласот на Јуникрон.

         capture 20180616 095402                  

10.БРАЌА КОЕН

Овој избор на 10 најдобри режисери според интернет сајтот Ranker го завршуваме со Браќата Коен односно со Џоел Коен и Итан Коен.Овие американски режисери во периодот од преку 20 години , како двоец напишале и режирале голем број на успешни филмови и тоа такаречи од сите жанрови: од ексцентрични комедии („ О, брате каде си?“, „ Аризона јуниор“, „ Големиот скок“) преку психолошки трилери ( „ Милеровата раскрсница“, „ Крвавиот престол“, „ Човекот кој не беше тука“, „ Нема земја за старци“)филмови во кои жанровите се измешани ( „ Фарго“, „ Големиот Лебовски“, „ Бартон Финк“и „ Да се запали по читањето“)па се до вестернот „ Човекот наречен храброст“.

Тие пишуваат заедно  сценарија, режираат и ги продуцираат филмовите иако до неодамна на Џоел му беа припишувани заслугите околу режирањето а на Итан за продукцијата.

Досега освоиле три Оскари. Првиот во 1996 година за оригинално сценарио за филмот „ Фарго“ и во 2007 година за најдобра режија и најдобро адаптирано сценарио за филмот „ Нема земја за старци“.

Се разбира оваа листа може да биде и сосема поинаква од причина што меѓу десетте нема голем број на познати и признати режисерски имиња кои во историјата на филмот оставиле длабока трага  . Но, секогаш е тоа така кога се прават вакви и слични рангирања во кои со своите гласови учествуваат гледачите. Сепак , потсетувањето на  режисерите од оваа листа нека биде доволен предизвик да погледнете некој филм од нивното творештво.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 78
Share
Previous Post

Во Охрид во тек е првиот Летен едукативен камп по физика

Next Post

Отворен меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Next Post
Отворен меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Отворен меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 78

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk