Своевремено британскиот „ Гардијан“ ги замолил своите филмски критичари да подготват листа на 10 најромантични филмови на сите времиња. Резултатите кои ги добиле биле изненадувачки.Меѓу десетте филмови ги немало на пример„ Одвеано од виорот“, „ Офицер и џентламен“, „ Бони и Клајд“ или да речеме анимираниот „ Луња и Маза“, што не значи дека не се во прашање романтични приказни.Впрочем изборот секогаш преставува индивидуален вкус . Но , бидејќи овде се работи за стручно мислење на еминентни имиња и познавачи на седмата уметност , убаво е да се види кои се тоа филмови кои го избориле местото на оваа листа на 10 те најдобри.Презентирањето на овој избор воедно нека послужи како патоказ за да се видат некои од овие наслови и да се откријат нивните вредности . Се разбира со овој избор и не мора да се сложите од едноставна причина што и романтиката како таква е растеглив поим.
10. ЖИЛ И ЏИМ (1962)
На десетото место на оваа листа се наоѓа францускиот филм „ Жил и Џим“ на режисерот Франсоа Трифо.Филмот , барем според резултатите на кино благајните, бил најуспешниот филм на францускиот нов бран.Кога стигнал во кино салите во Франција во 1962 година , филмот привлекол толку големо внимание што се прикажувал без прекин цели три месеци .Слично се случило и во останатите земји од светот каде што се прикажувало ова остварување на Трифо.
Иако дејствието на филмот е сместено за време на првата светска војна, однесувањето на главните јунаци го означил почетокот на сексуалната револуција која ги зафати 60 тите од изминатиот век.
Оваа љубовна приказна која говори за една жена која љуби и која ја сакаат двајца мажи , ги погоди право во срце како гледачите во тоа време , така и оние кои оваа приказна за љубовта ја открија многу години подоцна.
Главните улоги во овој филм ги толкуваат Жана Моро, Оскар Вернери Андре Сере.
Интересно е да се напомене дека режисерот Трифо во 1971 година го снимил филмот „ Две ангелски девојки“ кој всушност преставувал продолжение на филмот „ Жил и Џиом“ , но овојпат филмот говори за љубовта помеѓу еден маж и две жени, односно помеѓу французинот Клод Рок и двете сестри Ен и Мјуриел.
Легендата вели дека сценаристите Роберт Бентон и Дејвид Њумен инспирирани од овој филм, започнале да работат на своето ново сценарио. Така бил создаден филмот „ Бони и Клајд“ во 1967 годи
9. СОБА СО ПОГЛЕД (1985)
Има само неколку филмски соработки кои се толку важни за кои денес , од извесна временска дистанца , може да се каже дека безмалку дефинирале поедини филмски жанрови. Таква сигурно е соработката помеѓу режисерот Џејмс Ајвори и продуцентот Ишмаил Мерчант.
Фолмот „ Соба со поглед“ од 1985 година и ден денес преставува неверојатно свеж филм, забавен, несвесен за својата романтичност и незапирливо див кога е во прашање портретирањето на општеството.
Приказната на филмот говори за Луси Ханичерч (Хелена Бонам Картер), млада англичанка која во придружба на Шарлота Бартлет( Меги Смит) оди во Фиренца. Таа ќе одседне во еден хотел чија соба има поглед на главниот плоштад. Средбата со господинот Емерсон ( Денхолм Елиот) и неговиот син Џорџ ( Џулиен Сендс) ќе го промени засекогаш животот на Луси.
Во филмот една од споредните улоги толкува и актерот Даниел Деј Луис, кој подоцна ќе стане троен Оскаровец.Интересно е дека 7 .март. 1986 година во Њујорк била одржана премиерата на два филма во кои настапува , тогаш за американците, непознатиот актер Даниел Деј Луис. Имено, тогаш била одржана премиерата на филмовите „ Мојата убава Лондрет“ и „ Соба со поглед“ . Деј Луис во двата филма толкува сосема различни улоги и бил вистинско откритие за американците.
8: ВЕЧНИОТ СЈАЈ НА БЕСПРЕКОРНИОТ УМ ( 2004)
Приказната на филмот „ Вечниот сјај на беспрекорниот ум“е навистина несекојдневна. Едно момче запознава девојка. Тие се вљубуваат . На девојката по извесно време и’ здосадува момчето. Девојката одлучува од мозокот да ги избрише сите спомени на момчето со помош на еден невообичаен психијатриски експеримент. Кога момчето ќе дознае за постапката на девојката , тој се согласува да помине низ истиот експеримент.
Несекојдневната љубовна приказна , свиткана во препознатливиот британски шарм, ја потпишува режисерот Мајкл Гондри, додека сценариото е дело на двојката Пјер Бизмут и прочуениот Чарли Кауфман, сценаристот на филмовите: „ Да се биде Џон Малкович“ и „ Адаптација“.
Актерите Кејт Винслет и Џим Кери се појавуваат во улоги кои без сомнение завземаат посебно место во нивните кариери. Потрагата по сеќавањето до моментот на љубовта и среќата во време на првите денови од врската е потресно искрена и трогателно романтична.Сценаристите Гондри и Кауфман успеале љубовта да ја прикажат како единствена , навистина вредна појава на овој свет.
Оригиналното сценарио за овој филм беше наградено со голем број на награди како и со Оскар. Номинациа за Оскар за најдобра женска улога имаше и Кејт Винслет, но не го доби. Оскарот го освои пет години подоцна за улогата во филмот „ Раскажувач“.
7. ХАНА И НЕЈЗИНИТЕ СЕСТРИ (1986)
Приказната на филмот „ Хана и нејзините сестри“ во истовреме е и проста и сложена, токму онаква каква може да ја смисли само Вуди Ален.
Тие се три сестри. Не се од Чехов, не е тоа ниту Русија туку Менхетен виден низ очите на Вуди Ален. Хана ( Миа Фароу) е мажена за трапавиот Елиот ( Мајкл Кејн) кому пак му се допаѓа сестрата на Хана – Ли ( Барбара Херши). Но таа е во врска со уметникот Фредериок, па кога ќе се впушти во афера со Елиот , настануваат проблеми.Згора на тоа , некогашниот маж на Хана се впушта во врска со нејзината втора сестра , невротичната и несигурната Хоки(Дајан Вист). Што би рекле, вистински љубовен хаос.
Овој нфилм, зад кој стои Вуди Ален , својата премиера ја имаше во 1986 година и со заработените 40 милиони долари стана филм со најголема заработка во творештвото на овој режисер.
Во што е убавината на овој филм?Секако во совршената комбинација на драма и комедија, со траги од љубовната афера на Елиот и Ли. Филмот има структура која наликува на вистински роман, а секој негов дел извонредно одсликува една од хероините и едно парче од приказната. Освен тоа не треба да се заборави ниту извонредната глума на со Оскар наградениот , Мајкл Кејн, но ниту , барем во овој филм потценетата Миа Фароу , која во тој период редовно се дружеше со Вуди Ален на филмското платно но и зад него. Да не заборавиме дека сценариото потпишано од Вуди Ален беше наградено со Оскар исто како и епизодната улога на Дајан Вист која го игра ликот на една од сестрите – Холи.
6.АПАРТМАН (1960)
Само што го завршил филмот „ Некои тоа го сакаат жешко“ , режисерот Били Вајлдер храбро влетал во реализација на филмот „ Апартман“ . Две совршени комедии во низа ,бил предизвик кој го прифатил без размислување, не размислувајќи за тоа дали е можно и да го оствари.
Сценариото за филмот „ Апартман“ било во неговата маса со години, уште од времето кога започнал да го пишува по гледањето на филмот „ Кратки средби“ . Тогаш во својот нотез Вајлдер ја запишал забелешката :„ Филм за момче кое се качува до топлиот кревет кој само што го напуштиле љубовниците“.
Филмот го снимил 50 дена а го монтирал за само 7 дена . По ова му останал цел куп на неупотребена филмска лента со снимен материјал.
Се испоставило дека се било како што треба , што било потврдено со пет Оскари, вклучувајќи ги и оние за најдобар филм, режија и сценарио. Коментирајќи го подоцна целиот филм, како и глумата на главните актери , Џек Лемон, Ширли Мек Лејн и Фред Мек Мари , режисерот Вајлдер филмот „ Апартман“ го оценил како негов филм кој има најмалку недостатоци.
Три години подоцна , односно во 1963 година , тројката Били Вајлдер, Ширли Мек Лејн и Џек Лемон реализираја уште една успешна комедија – „ Слчатка Ирма“.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк