• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, мај 13, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

104 години живот – Оливиа де Хавиленд

јули 3, 2020
in Филмољубие
104  години живот –  Оливиа де Хавиленд

Кога на 5. февруари оваа година почина Кирк Даглас на 103 годишна возраст, на некој начин заврши мртвата „трка“меѓу него и актерката Оливиа Де Хавиленд со која имаа иста година на раѓање, 1916.Тој беше роден на 9. декември а таа на 1.јули во истата 1916 година.Во средата таа го прослави својот 104 роденден и на некој начин победи во животната „трка “ со нејзиниот колега Даглас

 Во средата таа го прослави својот 104 роденден и на некој начин победи во животната „трка “ со нејзиниот колега Даглас.Сега пред неа животната трка ја трча само уште актерот Норман Лојд кој има 105 години а кој е роден на 8. ноември.1914 година.Лојд има настапено во неколку филмови на Алфред Хичкок  а својата последна филмска улога ја имаше во 2015 година на својот 100 ти роденден.

Оливија де Хавиленд е најпозната по улогата во филмот „ Однесено од виорот“ каде го играше ликот на Мелани Хамилтон. Таа ги надживеа речиси сите актери кои настапија во овој филм за сите времиња.Клерк Гебл почина на 55 години, Вивиен Ли на 53 години, Лесли Хауард на 50 години, Хети Мек Дениел на 59години. Дури и момчето Мики Кун кој во филмот го играше ликот на нејзиниот син , денес има 88 години.

 HavillandFontaine

Таа ја надживеа и својата родена сестра , актерката Џоан Фонтејн која почина на 96 годишна возраст во 2013 година а  која и беше најголем ривал така речи цел живот.

Нивното нетрпение влече корени  уште од најраното детсво.За ова говори ифактот дека Оливија кога имала само девет години , направила тестамент во кој напишала: „ Јас, Оливија, ја оставам целата своја убавина на мојата помлада сестра Џоан (Џоан Фонтејн) , бидејќи таа ја нема“.

Нивниот однос се влошил во 1941 година кога и двете биле номинирани за Оскар во категоријата најдобра женска улога.Нивната љубомора и несакање ескалира откако Фонтејн во таа 1941 година го добива Оскарот за улогата во филмот„ Сомнеж“.И покрај тоа што Оливија подоцна ќе освои два Оскари , тоа воопшто не влијаело врз нивниот однос.

Тие го прекинаа својот сестрински однос во 1975 година. Се памети и онаа апсурдна изјава на Фонтејн во едно интервју:„Мојата сестра во се’ е прва, уште кога бевме малечки. Уште да умре пред мене и да ја заокружиме приказната“.

Но, таа желба не и’ беше исполнета.

Olivia de Havilland 01

Оливија Мери де Хавиленд е родена на 1.јули.1916 година во Токио, каде нејзиниот татко Волтер Август  работел како адвокат за патенти.Нејзината мајка , Лилијан Август , била малку позната актерка, која работела под псевдонимот Лилијан Фонтејн.

Кога имала една година, ја добила нејзината сестра Џоан. Заради исклучително лошото здравје на нејзината сестра Џоан ,во 1918 година семејството се преселило во Саратога (Калифорнија). Таму сестрите оделе во средното училиште Лос Гатос, а Оливија го продолжила своето школување во вишата школа Нотр – Дам.

Првите големи успеси пред публиката таа ги имала во театарот во почетокот на триесетите години како седумнаесет годишна девојка во улогата на Хермија во преставата „ Сон на летната ноќ“.Компанијата Ворнер Брадерс ја ангажирала за истата улога во филмската верзија на ова дело на Вилијам Шекспир кое го режирале Вилијам Дитерле и Макс Рајнхард во 1935 година.Во истата 1935 година таа ќе настапи уште во два филма: „ Ирците во нас“ со Џејмс Кегни и филмот „ Алиби Ајк“

 

 methode times prod web bin 622d5296 3ed9 11e6 a77d 3f49e917730f

По ова таа потпишува седум годишен договор со компанијата Ворнер Брадерс и постигнува исклучителна популарност како романтична партнерка на тогаш мошне популарниот актер Ерол Флин со кого ќе настапи дури во осум филмови до 1941 година.Најпознати меѓу овие осум филмови секако се „ Крвавиот капетан“ од1935 г. и „Авантурите на Робин Худ“ од 1938 година.Меѓу овие осум има и три вестерни:„Доџ Сити“

(1939), „ Патот за Санта Фе“ (1940) и „ Тие починаа во чизми“ (1941).

MV5BMjMwNDc1MzMyNV5BMl5BanBnXkFtZTgwODUzMjU1MzE Fotor Collage

Нејзиниот подем во Холивуд започнува кога нејзината сестра Џоан Фонтејн ја одбила понудата на Џорџ Кјукор да го толкува ликот на Мелани Вилкс во епскиот спектакл  „Однесено од виорот“. Фонтејн се надевала дека токму таа ќе ја добие главната улога во овој филм , односно дека ќе го толкува ликот на Скарлет. Но кога Кјукор и објаснил дека за таа улога дека е веќе ангажирана Вивијен Ли , таа ладно му одговорила:„ Прашај те ја мојата сестра„ и ја напуштила неговата канцеларија.Оливија де Хевиланд ја прифатила улогата и за неа доби номинација за Оскар за споредна улога.По овој филм нејзината кариера доживеала голем подем а во 1941 година добила и американско државјанство.

Својата втора номинација за Оскар ја добива во 1941 гoдина за улогата во мелодрамата

„ Сопрете ги мугрите“каде настапува покрај Полет Годар и Шарл Боаје. Интересно е да се спомене дека и двете номинации за оваа награда ги доби за улоги кои ги снимила како позајмена актрка во други филмски компании (Ем Џи Ем и Парамаунт).

Заради ова , Оливија доаѓа во судир со продуцентите и режисерите тврдејќи дека нејзиниот талент никогаш нема да дојде до израз ако тие продолжат да и даваат улоги во кои таа треба да толкува ликови на срамежливи и наивни девојки.Откако видела дека на нејзините примедби никој не реагира, таа одбива неколку улоги кои не и се допаднале.Челниците на компанијата Ворнер набрзпо по ова носат одлука да се суспендираат на неколку месеци сите оние актери кои одбиле три понудени улоги.Како и секогаш дотогаш , најхрабрата и најборбената меѓу ѕвездите, Бет Дејвис,подига медиумска врева и ја тужи компанијата но го губи судскиот процес.Веднаш по неа истото го прави и Оливија која ја добива  и подршката на Здружението на филмските актери. Процесот го добиваат со што  на актерите повторно им се враќа слободата при изборот на улогите кое право предходно им било укинато.

Со овој потег таа ги добива сипатиите на голем број  од своите колеги, меѓу другите и на својата сестра Џоун Фонтејн, која ќе рече: „ Холивуд и’ е должен на Оливија за една извонредна спогодба“. Овој закон денес е познат под името Де Хавиленд, но таа која се избори за него доби отказ од компанија Ворнер Брадрес.

Оливија преоѓа во компанијата Парамаунт со кои потпишува тригодишен договор.За првиот филм кој го сними за оваа компанија, „ Сопрете ги мугрите“, како што веќе рековме, ја добива својата втора номинација за Оскар.Потоа таа добива многу подобри и поразлиични понуди.

srekjen 100 ti rodenden olivija 226761

Својот прв Оскар за главна улога го добива во 1946 година за улогата на немажена мајка во мелодрамата „ На секому неговото“а во истата година се истакнува и со двојната улога во филмот „ Темно огледало“, крими драма на режисерот Роберт Сиодмак.

До крајот на четириесетите години од изминатиот век таа се потврдува како една од водечките актерки со  карактерни улоги.

Својата трета номинација за Оскар ја освојува во 1949 година за улогата на душевно болна личност во филмот „ Змиско гнездо“ на режисерот Антони Литвак.

Вториот  Оскар го добива во 1949 година за улогата на несаканата стара мома во филмот

„ Наследничка“каде нејзин партнер е Монтогмери Клифт.а во режија на Вилијам Валер.

Во почетокот на педесетите години таа се обидува да настапи на Бродвеј, но по неуспешниот обид таа му се враќа на филмот со забележителната улога во филмот „Роднината Рахела“ во 1952 година.

Одкако ќе се омажи по втор пат во 1955 година за уредникот на магазинот Пари Мач, Пјер Галанте (од кого ќе се разведе во 1979 година) , таа се сели во Париз каде и денес живее.

Во периодот по нејзиното доаѓање во Франција , таа настапува поретко и тоа во филмови кои се реализираат во Европа. Повремено настапува и на Бродвеј но и на американската  и француската телевизија.

Својата последна улога ја оствари во 1988 година настапувајќи во тв филм „ Жената што сакаше“.

srekjen 100 ti rodenden olivija 226765

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Својот престој во Париз го опиша во книгата “ Секој Француз има една“ која е издадена во Њујорк во 1962 година.

Во својата кариера успеа да оствари 61 улога во филмски и тв проекти.Од нејзините позначајни улоги ќе ги споменеме и оние кои таа ги оствари во филмовите:„ Во овој наш живот“ (1942), „ Принцезата О’Рурк“ (1943), „ И не како странец“ ( 1955),„Ќерката на амбасадорот“ (1956), „ Гордиот бунтовник“ (1958), “ Обвинение“ (1959), „ Дама во кафез“ (1963). „ Тивко , тивко Шарлота“ (1965),„ Авантуристи “ (1970) како партнерка на Беким Фехмиу,„ Бродоломците од Боингот 747“(1977), „ Рој на убијци“(1978), „ Петтиот мускетар“ (1979) и други.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 68
Share
Previous Post

Министерот Филипче денеска во посета на Општата болница во Охрид

Next Post

Коронавирусот не стивнува-денеска нови 165 случаи, во Охрид 10 новозаболени

Next Post
Коронавирусот не стивнува-денеска нови 165 случаи, во Охрид 10 новозаболени

Коронавирусот не стивнува-денеска нови 165 случаи, во Охрид 10 новозаболени

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 68

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk