Во мултимедијалниот културен центар “Матица екслузив“ на денеска во 19 часот ќе биде промовирано монографското издание “Војводата Питу Гули 1865-1903“ од поетот и публицист Кочо Топузоски.
За делото на најопеаниот македонски војвода беседа ќе одржи проф. д-р Ванчо Геогиев. Со овој чин “Матица македонска“ од Скопје ќе го одбележи и големиот датум – 150 години од раѓањето на славниот Илинденски војвода, симболот на одбраната на првото слободно парче земја-Крушевската Република од 1903 година.
Кочо Топузовски е автор на десетина литературни и публицистички дела, како и на монографиите “Никола Карев – живот и потоа“ и “Никола Карев-патешествија низ документи“.
Публицитет.мк