
Во четвртокот во Скопје со премиерното прикажување на македонскиот филм „Ефектот на среќа“ на режисерот Борјан Зафироски , започна годинешното 18 то издание на Фестивалот за европски филм „ Синедејс“.

„Ефектот на среќа“ е урбана драма за универзалната потрага по среќа и смислата на животот. Филмот ја раскажува приказната за Леа, млада девојка, која се бори за своето здравје. Додека си го преиспитува животот, започнува необична потрага по среќа и почнува да го согледува влијанието што го има врз другите луѓе.
Главните улоги во оваа урбана драма ги толкуваат:Дејана Попоска, Сашко Коцев, Ана Стојановска, Сара Атанасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски, Мими Таневска…
На Фестивалот оваа година ќе бидат прикажани стотина филмови распределени во десетина програмски содржини како што се:Гала премиери ,Официјална селекција, Сине Балкан, Музички документарни филмови,Мк во Еу, Земја во фокус, Монти Пајтон, Мк кратки, Студентска програма, Детска програма и Програма за млади.

Гала програмата обично ги содржи најдобрите и најнаградувани европски филмови. Оваа година во оваа програма се селектирани 16 филмови меѓу кои и „Синоними“берлинскиот победник во режија на израелецот Надав Лапид,најновиот филм на хиперпродуктивниот Вуди Ален „Дождлив ден во њујорк“, канскиот победник
„ Паразит“ на режисерот Бонг Џон –Хо, филмот на специјалниот гостин на годинешниот фестивал на филмската камера во Битола- Фатих Акин „ Златна ракавица“,„ Офицерот и шпион“ на контроверзниот Роман Полански,филмот на миленикот на скопската публика , Џим Џармуш насловен како „ Мртвите не умираат“,
„ Жал ние што ве пропуштивме“ на ветеранот Кен Лоуч,„ Милост божја“ на Франсоа Озон –сигурно еден од најпродуктивните француски режисери,„ Кубанска петорка“ на Оливер Асајас,последниот филм на познатиот шпански режисер Педро Алмодовар
„ Болка и слава“, „ Младиот Ахмед“ на браќата Дарден, првиот европски филм на кинескиот режисер Хироказу Коре –Еда „ Вистната“ со Кетри Денев и Жулиет Бинош , како партнерки и други.

Официјалната селекција која е составена од дебитантски или втори филмови на европски режисери и која е од натпреварувачки карактер , содржи осум филмови меѓу кои и српско хрватската копродукција „ Суров рез “ на српскиот режисер Коста Ѓорѓевиќ.
Во жирито кое ќе ги вреднува филмовите членуваат:Кјара Катерина, режисерка од Италија, монтажерката Маријана Гаивао и директорот на кинотеката на Северна Македонија, Владимир Ангелов.

Жирито кое ќе ги вреднува филмовите од програмата „ Сине Балкан“ работи во состав:Кујтм Чашку, режисер и сценарист од Албанија, македонската актерка Наташа Петровиќ и актерката и кастинг директорка Соња Дракулиќ.Оваа програмска содржина содржи шест филмови:
„Последниот србин во Хрватска“српско хрватска копродукција во режија на Предраг Лучина
„ Студен ноември“ косовско, албанско, северномакедонска копродукција во режија на Исмет Сијарина
„ Дневникот на Диана Будисављевиќ“ хрватски филм и апсолутен победник на годинешниот Пулски филмски фестивал во режија на Дана Будисављевиќ
„ Полна месечина“ во режија на Нермин Хамзагиќ од Босна и Херцеговина и
„ Сестра“ на режисерката Светла Тсотскорова од Бугарија.
Програмата на музичко документарни филмови содржи четири филмови во чии рамки ќе биде прикажана и премиерата на филмот „Небеска тема”, филм посветен на животот и музиката на Влада Дивљан, со гости од филмот и концерт на музичката група Звук Улице, неговиот прв бенд пред Идоли и воедно бенд во кој членуваат Зденко Колар и Кокан Поповиќ. Како придружна програма во рамки на оваа премиера е закажана и изложбата “Влада” на Горанка Матиќ, фотографка, која будно ја следела неговата кариера, а изложбата се состои од дела од разни фази од неговиот живот – од периодот на првиот албум на Идоли, „Одбрана и последни дни“, како и нивните концерти и неговиот музички ангажман за време на Ол Старс Бендот.

Програмата „ Мк во Еу“ содржи четири филмови кои доаѓаат од државите од некогашна Југославија а во кои Северна Македонија учествува како копродуцент. Во оваа програма се селектирани филмовите: „ Глас“ на режисерот Огнен Свиличиќ, „Пијавица“ во режија на Драган Маринковиќ, „ Полусестра“ на режисерот Дамјан Козоле и филмот на Горан Паскаљевиќ „ И покрај маглата“
Оваа година програмата „ Земја во фокус“ е посветена на швајцарските филмови во чии рамки ќе бидат прикажани четири филма од оваа земја.

Годинешното фестивалско издание на „ Синедејс“ се приклучува и кон светската прослава на 50 години од првото емитување на комичната серија „Летечкиот циркус на Монти Пајтон “преку специјални проекции на нивните пет филмски остварувања Како специјален гостин во рамките на оваа програма е продуцентот Стив Абот, кому ќе му биде врачена наградата за Животно дело за неговата работа со Монти Пајтон, а ќе има и мастерклас за пошироката јавност и филмската публика.
И оваа година селекцијата на МК кратки филмови која содржи 12 филмови, ќе оди пред проекциите на филмовите од Официјалната селекција и програмата „ Сине Балкан“, во киното Фросина.
Традиционално, Студентската програма има специјално селектирани студентски филмови од регионалните филмски академии, кои ќе ги оценува жирито во состав Сара Ферро и Дарко Набаков од фестивалот Македокс и Радован Петровиќ, режисер, и ќе ја доделат наградата за најдобар студентски филм.
Во рамките на програмата за најмладите, повторно со бесплатни проекции на четири Детски филмови, а новитет оваа година е воведувањето на Програма за млади (Тинејџерски филмови) во чии рамки ќе се прикаже и филмот „Хакери“, во режија на Пол Берг, кој говори за интернет насилството. По проекцијата ќе се одржи и специјален разговор со Петар Котевски (основач на КАМАИ Медиа и Македонската Гејмерска Асоцијација МАГДА) на тема „Темната страна на дигиталната технологија“, која во фокус ќе го стави токму епидемиолошкото и неверојатно тешко за контролирање и сузбивање – интернет насилство.
Фестивалот нуди и повеќе работилница, after work фестивалски журки, и многу други дополнителни содржини.
За прв пат годинава е воведена Наградата за најдобра филмска музика на авторски филм, каде што жирито во состав: Александар Пејовски, композитор, Дарија Андовска, композитор, пијанист и музички автор, како и Влатко Галевски, филмски критичар, ќе длучи за најдобрата музика на филм од компетитивните селекции.

На затворањето на фестивалот , на 15.ноември, ќе биде прикажан филмот „ Зад хоризонтот“ во режија на швајцарската режисерка Delphine Lehericey. Филмот е снимен како македонско–швајцарска копродукција, каде што малцински продуцент од Македонија е Кино Око на продуцентот Роберт Насков, а во филмот главната улога ја толкува познатата француска актерка Летиција Каста.
Пишува: Ѓоко Симјансоки, Публицитеет.мк






