По повод патрониот празник на Охрид „Свети Климент Охридски“ вeчерва во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена 22 традиционална изложба на фотографии на Фото клубот „Охрид“.
Темата на изложбата е „Охрид ноќе“ и на неа се изложени 35 фотографии од 11 членови на фото клубот, кои ги покажуваат уникатните убавини на Охрид.

Годинешната изложба е посветена на прерано починатиот д-р Драган Спасеки Охридски, како израз на почит и благодарност за сето она што тој како човек, доктор, хуманист, уметник, поет, вљубеник во уметноста го има направено за својот град.
Во пресрет на празникот на нашиот Охрид видете го видеото кое ги содржи сите фотографии изложени во салонот.
Публицитет.мк