Синоќа во Сараево со светските премиери на два босанскохерцеговски филма свечено беше отворен 27. Сарајево филм фестивал.Тоа се филмовите „Десет во половина“ на оскаровецот Данис Тановиќ и омнибус филмот „Писма од краевите на светот“на филмскиот колектив „Бистрик 7“ под раководство на познатиот режисер Бела Тар.
И обата филма се завршени непосредно пред почетокот на фестивалот како би можеле ексклузивно да бидат прикажани на отворањето на годинешниот фестивал во Сарајево.
Дејствието на најновиот филм на Данис Тановиќ се одвива во Сарајево за време на пандемијата и следи двајца ќебапчии , пријатели но и антиподи кои се судираат околу квалитетот на нивните ќебапи во нивните ќебапчилници . Во истовреме тие ги преиспитуваат своите животни одлуки и притоа ги прифаќаат неминовните промени.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Бранко Ѓуриќ и Изудин Бајровиќ.На премиерата на филмот присуствуваше такаречи целата екипа на филмот предводена од режисерпт Данис Тановиќ и комплетната актерска екипа како и раководството на фестивалот на чело со директорт Мирсад Пуриватра.
Филмот на отворањето беше прикажан на повеќе локации во Сарајево:во Народниот театар, во летното кино „Кока кола“,во летното кино „Сафет Зајко“, во Детската куќа –Ново Сарајево, во киното на Илиџа како и во двете нови фестивалски локации: во Синеплексот Сарајево и во летното кино „Стар град“.
Омнибус филмот „Писма од краевите на светот“својата светска премиера ја доживеа во летното кино „Пожарникар“ во рамките на програмата „Специјални проекции“.Омнибусот преставува меѓународна хроника на првите денови по заклучувањето заради пандемијата.Филмот е дело на филмскиот колектив „Бистрик 7“ , на 13 меѓународни автори обединети во искуството на првата генерација на дипломирани студенти за филм под раводството на режисерот Бела Тар во Сарајево.
Главната натпреварувачка програма ја сочинуваат десет филмови кои ќе се борат за главната награда „Срцето на Сарајево“.
Дестте филмови ги предводи српко црногорката копродукција „Елегија за Лорел“ кој во Сарајево ќе ја доживее својата светска премиера.
Од Унгарија доаѓа филмот „Работи вредни за жалење“ а од Србија филмот „Келти“ во кој главната улога ја толкува некогаш мошне популарниот актер Франо Ласиќ.
Тука е и грузиско англиската копродукција „Бебиа, единствен копнеж на мојата душа“ кој во Сарајево ќе ја има својата регионална премиера.
Косово во натпреварувачката програма е застапено со два филма: „Ридот на кој рикаат лавици“ кој преставува косовско француска копродукција и филмот „Барајќи ја Венера“.
Меѓу филмовите се наоѓа и грчко француската копродукција „Месечина, 66 прашања“ кој беше дел од званичната програма на годинешниот 4. Бич филм фестивал во Охрид. Да се потсетиме тој беше прогласен за најдобар на годинешниот фестивал и ја освои наградата „Голем бран“.
Уште еден награден филм се наоѓа во главната селекција. Тоа е филмот „Мурина“ кој на фестивалот во Кан пред еден месец ја доби наградата „Златна камера“ за најдобар дебитантски филм.Оваа хрватско, американско словенечка копродукција, доби и неколку награди на годинешниот Пулски филмски фестивал.
Листата од десетте филмови ја заклучуваат:австриско германската копродукција „Голема слобода“ и Белгиско францускиот филм „Жените плачат“.
Меѓународното петчлено жири кое ќе ги оценува филмовите од главната натпреварувачка програма, го предводи српската актерка Јасна Ѓуричиќ која ја толкува главната улога во филмот „Кво вадис Аида?“ на режисерката Јасмила Жбаниќ.
Посебни жирија ќе ги оценуваат и филмовите во другите натпреварувачки селекции :документарна селекција со 15 филмови,кусометражна селекција со 22 филмови и студентска селекција со 12 филмови поделени во три групи.
Во рамките на фестивалот има уште и неколку други програмски целини како што се:
„Во фокусот“ во чии рамки ќе бидат прикажани актуелни филмови од балканските земји.Така , публиката во Сарајево ќе може да ги види и победничкиот филм на годинешното Берлинае, романскиот филм „Баксузен секс или безумен порно филм “ на режисерот Раду Жуде, „Кошница“кој преставува копродукција помеѓу Косово,Швајцарија,
Северна Македонија и Албанија,„Кво вадис, Аида?“ на режисерката Жбаниќ како и филмот „Оаза“кој преставува копродукција помеѓу:Србија, Словенија, Холандија, Франција, Белгија и Босна и Херцеговина.
Во програмата „Отворено“ ќе бидат прикажани осум филмови од најновата светска филмска продукција меѓу кои и филмовите:„Фаќај го патот“ на Џафар Панахи, „Јунак“ на оскаровецот Ашгар Фаради кој беше прикажан во Кан,„Јавачи на правдата“ со Мадс Микелсен во главната улога, „Новиот поредок“ наградуваниот филм на Мишел Франко како и филмот „Татко“ кој на актерот Ентони Хопкинс му го донесе Оскарот за главна машка улога.
Мошне интересна е програмата „Соочување со минатото“во чии рамки ќе бидат прикажани седум филмови во кои се говори за минатото на овие простори.
Тука е и детската програма со 11 детски филмови како и програмата „Тин арена“ со 11 филмови меѓу кои ќе биде прикажан и македонскиот семеен детски филм „Стела“ на режисерот Стојан Вујичиќ. Во рамките на оваа програма ќе биде прикажан и кусометражниот филм „Северен пол“ на режисерката Марија Апчевска , кој беше во званичната програма за кусометражни филмови на Канскиот филмски фестивал.
Годинешната програма БХФилм, чиј носител е Здружението на филмските работници на Босна и Херцеговина во своето 16 то издание во склоп на 27.Сарајево филм фестивал , донесува 52 наслови. Оваа година во рамките на оваа програма ќе бидат прикажани :7 долгометражни филмови и 12 долгометражни документарни филмови, 2 омнибус филмови, 17 кратки играни и документарни филмови и 14 студентски филмови.
Дел од оваа програма веќе десет години по ред преставува и студентската натпреварувачка програма која ги преставува филмовите на судентите на филмските академии и факултеи на Босна и Херцеговина.Оваа година за трите званични награди (Најдобар студентски филм, Специјално признание на жирито и Специјална диплома)ќе се натпреваруваат 14 филмови а за тоа кој ќе биде најдобар ќе одлучува специјално жири.
Годинешната програма вкупно ќе престави 33 светски и 3 меѓународни премиери.
Оваа програма која има за цел да го промовира босанско херцеговскиот филм , секоја година се докажува како важна и неизоставна платформа за авторите од оваа земја без обзир каде тие живеат и работат.
Годинешното издание на фестивалотќе му одаде почест на режисерот Вим Вендерс во знак на признание за исклучителниот придонес во филмската индустрија.На почитуваниот режисер ќе му биде врачена наградата Почесно Срце на Сарајево, додека во рамките на програмата „Посветено“ќе биде прикажана ретроспектива на негови одбрани филмови.
„Пресреќни сме што можеме да му оддадеме признание на една од централните личности на светската кинематографија. Со својата работа во областа на визуелните уметности, како извонреден филмски автор и фотограф, Вим Вендерс на публиката секогаш и носи незаборавни емоции“вели директорот на фестивалот Мирсад Пуриватра.
Од пред неколку години на фестивалот е воведена и програмата „Претпремиерни тв серии“ во која се прикажуваат по една или две епизоди од телевизиски серии кои пред гледачите ќе бидат прикажани во предстојната есен и зима. Ваква пракса воведоа неколку филмски фестивали.
Оваа година пред публиката во Сарајево ќе бидат промовирани пет тв серии кои доаѓаат од Србија.Тоа се:
„Црна свадба“на режисерот Немања Чипраниќ
„Нечиста крв“на Милутин Петровиќ и Горан Станковиќ во кој главните улоги ги толкуваат :Драган Бјелогрлиќ и Катерина Радивојевиќ
„Кљун“ на режисерите Јелена Гавриловиќ и Урош Томиќ
„Време на злото“ на Иван Живковиќ и „Златното момче “ на Огњен Јанковиќ.
Годинешното 27 издание на фестивал во Сарајево завршува на 20. август со церемонијата на доселување на наградите по што ќе биде премиерно прикажан филмот „Тома“ на режисерот Драган Бјелогрлиќ. Филмот преставува импресионистички портрет на Тома Здравковиќ и ги покажува неговите почетоци но и врвот на неговата слава, љубовите кои го инспирирале при компонирањето на некои од најголемите хитови, како и односот со големиот број на пријатели кои тој ги имал во уметничкиот свет на тогашната Југославија.Главните улоги во филмот ги толкуваат:Милан Мариќ, Тамара Драгичевиќ, Петар Бенчина, Андрија Кузмановиќ, Сања Марковиќ… како и Мирјана Карановиќ во улогата на неговата мајка.Филмот ќе биде прикажан на повеќе фестивалски локации.
Изминатата година заради пандемијата фестивалот се одржа виртуелно а оваа година се одржува во живо но со примена на сите важечки заштитни мерки пропишани од здравствените институции на Босна и Хецеговина .
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк