Годинава за промоција и поддршка на туризмот во земјава ќе бидат потрошени 205.950.000 денари, или 3,3 милиони евра.
Од вкупната сума, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот распределила околу 2,2 милиони евра субвенции на странскиот туристички промет, односно тур-операторите и туристичките агенции.
За подготвување, печатење и дистрибуција на промотивен материјал наменети се пет милиони денари. Планирано е печатење и дистрибуција на печатен промотивен материјал, во шест брошури со разни тематски содржини. Покрај брошурите ќе бидат подготвени и водичи, мапи, карти и друг помал промотивен материјал.
Агенцијата планира промоција на Македонија на околу 20 светски туристички саeми, за што ќе потроши вкупно 22 милиони денари.
За билборд кампањи, реклами во печетени медиуми, електронска промоција и телевизиски кампањи планирани се 13 милиони денари.
Извор: meta.mk