Заради пандемијата церемонијата на доделувањето на Европските филмски награди не се одржа во Рејкјавик , како што беше планирано , туку наместо тоа беа преставени како серија виртуелни настани именувани како „ЕФА во осум“кои се одржаа од 8 до 12 декември а кои беа пренесувани во живо од Берлин.
Настаните започнаа во вторникот на 8. Декември со панелот „Од опстанок до преродба:Градење на пост-ковидна иднина“на која учествуваа :британскиот режисер Марк Казинис , добитник на нововостановената награда на ЕФА за иновативно раскажување приказни,полската режисерка и поранешна председателка на ЕФА ,Агњешка Холанд, Кирстен Нихеуус ,извршен директор за филмско финансирање и данскиот режисер Томас Винтерберг, номиниран оваа година со неговиот филм „Уште една рунда“
Првите награди беа доделени во средата на 9.декември кога беа прогласени добитниците на наградите во категориите:Најдобар европски кинематографер (МАТЕО КОКО за филмот „Скриени “) , Најдобра монтажа( МАРИЈА ФАНТАСТИКА ВАЛМОРИ за филмот „Уште едно кршење“) Дизајн на продукција (КРИСТИНА КАСАЛИ за филмот „Лична историја на Дејвид Коперфилд“ ) ,Костимографија (УРСУЛА ПАТЗАК за филмот „Скриени“),Шминка и уредување на коса(ЈОЛАНДА ПИЊА,, ФЕЛИКС ТОРЕРО и НАЧО ДИЈАЗ за филмот „Бескрајниот ров“ ,Звук(ЈОЛАНДЕ ДЕКАРСОН за филмот „Малечкото девојче“, и Визуелни ефекти (ИЊАКИ МАДАРИЈАГА за филмот „ Платформата“)
Во четвртокот на 10. Декември беа откриени имињата на добитниците на наградите во категориите :Награда за копродукција Еуроимаж ( ЛУИС УРБАНО) , Најдобар европски краток филм ( СИТЕ МАЧКИ СЕ СИВИ ВО ТЕМНИЦА“на режисерот Ласе Линдер од Швајцарија))и Награда на европски универзитет (ЕУФА)( „САУДИСКО БЕГСТВО“ на режисерката Сузана Регина Меурс од Швајцарија
Во петокот на 11. Декември беа прогласени победниците во категориите : Најдобра европска комедија („ГОЛЕМИОТ ХИТ„ на режисерот Емануел Куркол од Франција) и Најдобар европски анимиран игран филм ( „ ЏОЗЕФ“ на режисерот Аурел од Франција).
И конечно синоќа беше одржано Големото финале на кое беа доделени наградите ЕФА за европски филмови за 2020 година кое беше пренесувано во живо од Берлин.
Настанот , кој траеше повеќе од два и пол часа,го презентираше германскиот ТВ водител Стивен Гетјен.Домаќин на церемонијата веше директорот на Европската филмска академија Марион Доринг, а беа присутни и Мајкл Дауни ,председател на Европската филмска академија, режисерката Агњешка Холанд, поранешната председателка на Академијата и сегашниот председател на Академијата режисерот Вим Вендерс.
На два големи екрани беа директно вклучени виртуелно сите номинирани автори во категориите:
Иновативно раскажување приказни, Најдобар европски документарен филм, Најдобро европско откритие, Најдобра европска актерка, Најдобар европски актер, Најдобро европско сценарио, Најдобар европски сценарист и Најдобар европски филм за 2020 година.
Еве ги и добтниците на наградите во најважните категории по ред на прогласување:
Најдобар режисер :ТОМАС ВИНТЕРБЕРГ за режијата на филмот „ Уште една рунда“
Награда за иновативно раскажување:МАРК КАЗИНС за филмот : „ ЖЕНА ПРАВИ ФИЛМ:НОВ ПАТ НА ПАТУВАЧКОТО КИНО“од Велика Британија .
Најдобар европски актер:МАДС МИКЕЛСЕН за улогата во филмот “Уште една рунда“
Најдобро европско откритие (Најдобар дебитантски европски филм )Награда
ФИПРЕСЦИ –СОЛЕ во режија на Карло Сирони од Италија
Најдобар европски сценарист:ТОМАС ВИНТЕРБЕРГ и ТОБИЈАС ЛИНДХОЛМ за сценариото за филмот „ Уште една рунда“.
Најдобра европска актерка: ПАУЛА БИР за улогата во филмот „Ундине“Германско француска копродукција
Најдобар европски документарен филм : „ КОЛЕКТИВ“ во режија на Александар Нанау – романско луксембуршка копродукција.
Најдобар европски филм за 2020 :„УШТЕ ЕДНА РУНДА“ во режија на Томас Винтерберг , данско, шведско холандаска копродукција.
Според бројот на освоените награди годинешен апсолутен победник е победничкиот филм кој ги освои и наградите во категориите :Најдобар режисер,најдобар европски актер и најдобро сценарио.
Приказната на филмот се врти околу една група на наставници во едно средно училиште кои се обидуваат да се одржат во инхибиција, инспирирани од теоријата на норвешкиот психолог Фин Скердеруд кој тврди дека луѓето се раѓаат со недостаток на ниво на алкохол во крвта. Овој разигран концепт во себе крие многу подлабоко значење за самооткривањето и прославата на животните подеми и падови.
Филмот ја имаше етикетата на Официјалната селекција на годинешниот Кански филмски фестивал , кој не се одржа. Својата физичка светска премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Сан Себастијан (Шпанија)во месец септември пред да биде избран за дански преставник во трката по наградата Оскар во категоријата Најдобар меѓународен филм.
Вчера за време на церемонија на доделувањето на главните награди беа соопштени и имињата на трите филма кои ќе конкурираат за ново востановената Награда на публиката LUX.Тоа се филмовите „Уште една рунда“ На Томас Винтерберг, документарниот филм „Колектив“на режисерот Александар Нанау и „Корпус Кристи“ на режисерот Јан Комаса.
Трите номинирани филмови, избрани од панел составен од 20 професионалци подготвени од европската филмска индустрија (вклучувајќи филмаџии, критичари, режисери на фестивали, дистрибутери и изложувачи), со претседателот на ЕФА, Мајк Дауни за почесен претседател, уште еднаш ја прикажуваат разновидноста и богатството на Европската кинематографија, притоа испрашувајќи ги различните социјални прашања, човековото однесување и политичките ставови. Во идните изданија, бројот на финалисти ќе достигне до пет, но поради влијанието на пандемијата COVID-19 на филмскиот пазар, годинава ќе се натпреваруваат само три филма за наградата. Како финалисти на LUX, сите тие ќе бидат преведени на 24 јазици во ЕУ, со цел да ја поддржат нивната циркулација и да им помогнат да ги надминат јазичните и дистрибутивните бариери.
Добитникот на Наградата на публиката LUX заеднички ќе биде избран врз основа на гласовите од јавноста и европратениците (со секој од нив да претставува 50%). Наградата на крајот ќе биде доделена во Европскиот парламент за време на церемонијата на доделување на наградите LUX на 28 април 2021 година, иако форматот на настанот допрва треба да се потврди, во зависност од глобалната здравствена состојба. Победничката титула дополнително ќе биде прилагодена за оние со оштетен вид и слух, а исто така ќе добие и промотивна поддршка за време на светското издание.
Да се потсетиме , изминатата година добитник на наградата LUX , која тогаш беше награда на Европскиот парламент, ја освои македонскиот филм„ Господ постои, името и е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк