• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 10, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

40.Интернационален фестивал на филмска камера„Браќа Манаки’-награди

септември 22, 2019
in Филмољубие
40.Интернационален фестивал на филмска камера„Браќа Манаки’-награди

Синоќа во Битола со доделувањето на наградите и проекцијата на документарниот филм „Манаки – приказна во слики“ на Роберт Јанкулоски,заврши јубилејното 40. Издание на интернационалниот фестивал на филмската камера „ Браќа Манаки“.

f 2 copy

Оваа година во натпреварувачката програма се најдоа 12филмови чиј избор го направи долгогодишниот селектор на фестивалот Благоја Куновски .Жирито кое ја  вреднувше работата на кинематограферите беше предводено од водечкиот светски кинематографер Едвард Лакман, лауреатот на годинешното јубилејно издание на „Браќа Манаки“.Жирито одлучи:

f 3

„БРОНЗЕНАТА  КАМЕРА 300“да му ја додели на Кинематограферот на филмот „Пирани“, ДАНИЕЛЕ  ЦИПРИ поради устроениот натуралистички пристап, силата на кадрирање и светлото заедно со глаткото движење на камерата.

f 4

„СРЕБРЕНАТА КАМЕРА 300“ му припадна на Кинематограферот ЏИНСОН ДОНГ за филмот „Езеро на дивите гуски“ поради, како што подвлекуваат од жирито „квалитетот на фотографијата, постигнат преку светло и бои, особено во ноќните сцени. Моќна стилизација на фотографијата и кошмарниот свет на ликовите кои ја збогатуваат приказната“.

f 5

„ЗЛАТНАТА КАМЕРА 300“и припадна на кинематограферка ХЕЛЕН ЛУВАРТза филмот „Невидливиот живот на Евридика Гузмао“, заради , како што потенцираат од жирито суптилното користење на боите и силните композиции кои ги откриваат емоциите на ликовите и нѐ приближуваат до приказната. Хелен Луварт маестрално ни ги покажува можностите на кинематографијата и нејзината психолошка моќ за раскажување приказни.

Жирито одлучи на Јоланта Дилевска, кинематографер на филмот „Ајка“ да и додели посебно признание поради интуитивната употреба на камерата – пристап кој и визуелно и драматуршки ја изразува емоцијата на главниот лик.

На свеченото затворање на јубилејното 40. издание на ИФФК „Браќа Манаки“покрај главните награди беше доделена и наградата „Мала камера 300“. Одлуката и за оваа награда ја донесе донесе жирито во состав: Ед Лакман,(председател) Калојан Божилов, Доминик Велински, Фејми Даут и Ненад Дукиќ.

f 6

Наградата „МАЛА КАМЕРА 300“ ја доби кинематограферката Констанца Сандовал од Аргентина, за филмот „Чудовишен Господ“, поради поетичноста на сликата и суптилното користење на боите во приказната, а посебно признание доби Гијом Ле Гронтек за филмот „Комбето“ поради употребата на рачната камера која ги истакнува главните аспекти на приказната и употребата на боите на експресивен начин.

f 7 copy

На затворањето на фестивалот ,директорката на фестивалот Гена Теодосиевска на кинематограферот ЈОРГОС АРВАНИТИС му ја врачи наградата за животно дело „Златна камера 300“.

Во текот на речиси шест децении тој осветлил и обликувал слики со исклучителна убавина во повеќе од стотина играни филмови низ Европа и низ Медитеранот. Во меланхоличниот свет на режисерите доловува јасност со ненадмината елеганција, со својата камера дава текстура и длабочина дури и на сенишните и лаконски ликови, а работел со Тео Ангелопулос, Жан Жак Адриен, со Динос Кацуридис, Пантелис Вулгарис, Волкер Шлендорф, Микаел Какојанис, со Жан Пјер и Лук Дарден, Марко Белокио, Ањешка Холанд, Бруно Подалидес, Горан Паскаљевиќ, Марко Ферери…

При примањето на наградата добитникот се заблагодари со зборовите:

 Голема чест ми е да бидам на овој фестивал и да бидам заедно со сите големи кинематографери. Чест ми е да присуствувам на фестивал кој ја цени сликата и кинематографијата, а особено сум почестен што сум овде, бидејќи моите корени се токму од овде, бидејќи јас сум Влав, рече Арванитис, кој се заблагодари уште еднаш на поканата и на укажаната чест.

f 8

Пишува:Ѓоко Симјаноски/Публицитет.мк

Посетеност: 78
Share
Previous Post

И во Охрид „Ден без автомобили“ во рамките на Европската недела на мобилност“

Next Post

„Добредојде на есента во Охрид“ – фотограф: Мимоза Чолак

Next Post
„Добредојде на есента во Охрид“ – фотограф: Мимоза Чолак

„Добредојде на есента во Охрид“ - фотограф: Мимоза Чолак

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 78

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk