• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, мај 20, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

40. Москва филм фестивал ( 19.04. – 26.04. 2018)

април 25, 2018
in Филмољубие
40. Москва филм фестивал ( 19.04. – 26.04. 2018)

На 19 април, во пресрет на церемонијата на отворањето на 40-тиот Московски меѓународен филмски фестивал,долгогодишниот председател на фестивалот, и шефот на Сојузот на кинематографери на Руската Федерација, Никита Михалков, одржа традиционален брифинг.

       capture 20180425 131227           

Михалков во таа прилика ,меѓу другото ,рече дека оваа година на МИФФ ќе бидат прикажани 212 филмови, иако првично селекторите избрале 204 филмови. И покрај фактот што овогодинешниот фестивал се одржува два месеца пред традиционалниот термин во јуни, немало проблеми со изборот.

“Фестивалот, како што знаете, беше одложен за април поради Светското првенствово фудбал кое се одржува во јуни , во периодот кога традиционално се одржува Московскиот филмски фестивал. Имаше сериозен проблем околу одржувањето на фестивалот од причина што сите организациони сили акцентот го ставија на шампионатот во фудбал. Затоа, добивме дозвола да го одржиме нашиот фестивал  во април. Ние нема да шпекулираме, но има одредени предности во ова. На фестивалот, што е секако добро,има  многу светски премиери и, исто така, јас сум многу задоволен што не само што штедиме, туку и го зголемуваме бројот на програми “, рече Михалков. 40-тиот Московски меѓународен филмски фестивал оваа година се одржува во периодот помеѓу 19 и 26 април. Покрај натпреварувачките програми на фестивалот, посетителите можат да видат голем број на филмови и надвор од конкуренцијата по награди кои се подготвени  специјално за да ги задоволат вкусовите на љубителите на филмот, уметнички и документарни  филмови.

Во рамките на 40-от МИФФ се презентирани  повеќе од 20 различни програми.

                       capture 20180425 131255         

Фестивалот беше свечено отворен изминатиот четврток на 19. април со проекцијата на италијанската детективска драма “Неапол под покровот” во режија на Ферзан Озпетек.

За време на окултната церемонија во старата куќа, Адриана ја  заведува еден  млад убав човек. Тие ја минуваат ноќта заедно и се согласуваат повторно да се сретнат, но младиот човек не доаѓана закажата средба. Следниот ден Адриана дознава дека нејзиниот љубовник бил убиен. Полициските инспектори, исто така, ја известуваат шокираната  Адријана дека покојникот ја фотографирал  гола додека таа спиела. Сакајќи да разбере што се случува, Адриана одлучува да спроведе сопствена истрага.

capture 20180425 131517

      Фестивалот завршува на 26.април , кога по церемонијата на доделувањето на наградите ќе биде прикажан канадскиот филм„ Идентификација“ во режија на младиот канадски режисер Семуел Тивиерџ кој воедно ја толкува и главната улога во оваа крими драма.

Фатен помеѓу порокот, страста и љубовта, главниот јунак на филмот,Кристофер Бегин започнува да се пробива преку зрелоста, живеејќи брз живот, преполн со лаги и измами. Управуван од неговата желба да ја заштити мајка си, Крис го запознава својот ментор Роџер, маестрален конман кој ќе го води својот штитеник кон најмрачните делови на човечката природа, до денот кога Крис ќе го надмине  Роџер. Одеднаш, последиците од изборите направени од Крис може да ги почувствуваат оние што тој најмногу го цени. Инспириран од вистинска приказна, филмот ја открива судбината на еден млад човек од добро семејство, кој станува ефикасен и заводлив уметник, кршејќи ги соништата на невини луѓе во неговото разбудување.

                               capture 20180425 131602  

Во филмот во улогата на неговиот ментор Роџер настапува францускиот актер Сами Насери кој се прослави со улогата во серијалот акциони комедии „ Такси“. Тој беше специјален гостин и главна ѕвезда на годинешниот фестивал во Москва.

Во главната натпреварувачка програма се наоѓаат 16 филмови кои доаѓаат од :Италија, Латвија, Литваниа, Полска, Узбекистан, Белгија, Турција, Казакхстан, УСА, Португалија, Бразил, Кореа , Русија, Арменија, Нов Зеланд, Норвешка, Аргентина и франција.

    capture 20180425 131641

Жирито кое ќе ги оценува филмовите од натпреварувачката програма е предводено од италијанскиот продуцент Паоло Дел Броко (кој заедно со Михалков го отворија годинешниот фестивал) а членови се :германската актерка Настасја Кински, американскиот актер Џон Севиџ, руската режисерка Ана Меликјан, и кинаскиот режисер Лианг Киао.Тие треба да ги доделат наградите:

Специјална награда на жирито „ Сребрен Ѓорѓи“

Награда „ Сребрен Ѓорѓи“ за најдобар режисер

Награда „ Сребрен Ѓорѓи“ за најдобар актер

Награда „ Сребрен Ѓорѓи“ за најдобра актерка

Посебни жирија се задолжени за оценување на филмовите кои се прикажуваат во рамките на уште две натреварувачки програми на документарни (вкупно седум филмови) и кусометражни филмови (12).

На победниците во овие категории ќе им бидат доделени наградите: „ Сребрен Ѓорѓи“ за најдобар документарен филми „ Сребрен Ѓорѓи“ за најдобар кусометражен филм.

Како што веќе споменавме годинешниот филмски фестивал во Москва во чест на својојот  40 годишен јубилеј на публиката им понуди 20 различни програми за сите вкусови.Еве некои од нив:„ Време на жените“со седум филмови кои ги мпотпишуваат жени режисери,„Руска трага“со осум филмови кои имаат приказни сврзани со Русија, „Слободна мисла- програма на документарни филмови“ со 15 остварувања, „ Откритија- филмот во Шри Ланка“ со пет филмови од оваа земја, „ Бергман:Прославен и необичен“ во чии рамки се прикажуваат дури 21 филм од богатиот опус на овој познат шведски режисер,                            

 

               capture 20180425 131715

„ Брус ли: Човек и легенда“ со пет негови филмови, „ Нашите роднини“ со прикажување на 12 филмови со кои се одбележуваат 40 те години од постоењето на филмскиот фестивал во Москва и други.

capture 20180425 131804

Најинтересна за нас секако е програмата „ Специјални проекции“ во чии рамки беа презентирани и два филма во кои учествува Македонија. Едниот од нив е бугарско – македонската копродукција „ Возвишение“ на режисерот Виктор Божинов а вториот е македонско српско словенско косовската копродукција „ Година на мајмунот“ во режија и сценарио на Владимир Блажевски кој имаше две проекции на фестивалот, во понеделникот и вторникот.Инаку,филмот ја имаше својата домашна премиера минатиот четврток на отворањето на 21. издание на Скопскиот филмски фестивал.  Главната улога во филмот ја игра Игор Ангелов, а во екипата се појавуваат актери од Македонија, Србија, Словенија и Хрватска.

    capture 20180425 131835

На церемонијата на отворањето на јубилејниот 40-ти Московски меѓународен филмски фестивал беше допрена со благо горчлив сладок белег. Имено,специјална награда – „Златниот Свети Ѓорѓи “за извонреден придонес во светското кино” – му беше доделена постхумно на Олег Табаков. Големиот актер, режисер и мајстор кој почина на 12-ти март. Ова е една од оние ретки прилики кога нема потреба да се прибегнува кон традиционални фрази за споменот на личноста што преовладува над нивниот смртен живот. Заслужениот уметник беше широко познат и универзално сакан, и оваа искрена љубов кон милиони луѓе не може да се заборави. Наградата ја доби на сцената синот на Олег Табаков, Павел – талентиран млад уметник, наследник на големата династија.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк

Посетеност: 58
Share
Previous Post

5 години НАТГ „Аматер“

Next Post

Средношколци од Каен – Франција во посета на општина Охрид

Next Post
Средношколци од Каен – Франција во посета на општина Охрид

Средношколци од Каен - Франција во посета на општина Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 58

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk