
Завчера , во четвртокот , со свечена церемонија во Битола беше отворен 42.Меѓународен филмски фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“под мотото „И покра се’„.Оваа година за разлика од порано отворањето се одржа под отворено небо во простотот на пациото на Завод и музеј Битола со почитување на сите мерки на заштита од корона вирусот Ковид -19 кои се пропишани од министерството за здравство и организаторите на фестивалот.
На свечената церемонија присуствуваше и покровителот на фестивалот , Председателот на Република Северна Македонија ,Стево Пендаровски, кој со пригодни зборови им се обрати на присутната публика и почесните гости на фестивалот кој свечено го отвори годинешниот фестивал.

Предходно, Председателот Пендароски му ја врачи наградата „Златна камера 300“ за животен опус на познатиот кинематографер Кристијан Бергер.
„Сум добил и претходно слична награда, но сега е малку потешка. Навистина се изненадив за доделеното признание и ми беше пријатно да дојдам повторно во Македонија и да бидам дел од Фестивалот „Браќа Манаки“. Би сакал да ја споделам мудроста што доаѓа со мојата возраст. Малку можам да го споредам фестивалот „Браќа Манаки“ со другите фестивали, таму гледам се поголема комерцијализација. Тоа никогаш не сум го искусил низ годините овде“, рече меѓу другото во своето обраќање добитникот на наградата.

А на самиот почеток на свечената церемонија која започна со настапот на Каролина Гочева која изведе неколку познати музички филмски теми , новоизбраниот директор на Фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски говореше за „слатките“ маки околу организацијата за одржувањето на годинешното издание на фестивалот кој изминатата година не беше одржан заради пандемијата.

„Затоа кога е најтешко, како во ова време-невреме, кога не бевме сигурни ни дали воопшто ќе имаме гости на Фестивалот, ние решивме да доделиме не една, туку две специјални камери 300 за особен придонес во филмската уметност. На двајца исклучителни уметници : познатиот руски режисер Андреј Кончаловски ,кој од познатите причини не беше присутен на фестивалот и на Џослин Пук, една од најпознатите британски композитори на филмска, театарска, телевизиска и концертна музика, која и ја врачи директорот на фестивалот Дамевски.
Во рамките на свечената церемонија ,Претседателот на Друштвото на филмски работници, Игор Иванов Изи ја додели наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на Северџан Бајрам.
„Особена чест и задоволство ми е за доделеното признание. Голема благодарност за наградата до моите колеги и колешки кои ме одбраа мене, натуршчик, бидејќи немам завршено Факултет за драмски уметности. Благодарност до Столе Попов кој ме откри и до Емир Кустурица, човекот кој ми ја додели најголемата животна улога и отскочната даска во кариерата“, рече Бајрам на врачувањето на признанието.“

По завршувањето на церемонијата беше прикажан филмот на отворањето „СЕСТРИ “ на режисерката Дина Дума на која ова и е дебитантски филм.По проекцијата на филмот екипата и се поклони на присутната публика ,која како ретко кога досега останала до крајот на проекцијата на филмот. Кинематографер на овој филм е Наум Доксевски кој токму со овој филм ќе се натпреварува во трката по наградата Златна камера 300 , бидејќи филмот е дел од натпреваерувачката програма.
Филмот ја раскажува приказната за инејџериките Маја и Јана кои се неразделни и прават се’ заедно. Една вечер на забава ја фаќаат Елена, најпопуларната девојка во училиште, како има секс на видео со долгогодишната љбов на Маја. Јана ја убедува Маја да го објави видеото и кога ќе стане тоа вирално, животот на Елена е уништен. Жестока конфронтација помеѓу трите девојки е причина Елена да исчезне . Маја сака да оди во полиција, но тоа не е она што Јана го сака. Маја станува нејзина нова цел и мора да најде храброст да излезе од нејзината токсична врска и тајната што се заканува да и’ го уништи животот.
Филмот неодамна ја доби Специјалната награда во програмата „Источно од западот“ во Карлови Вари, еден од најпрестижните филмски фестивали во Европа и светот.
Главните улоги во филмот кој преставува копродукција помеѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово, ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жоро.
Во главната програма по трката за наградите Златна , Сребрена и Бронзена камера 300 покрај филмот „Сестри“ се наоѓаат уште девет филмови кои се избрани од новиот селектор Слаѓан Пенев.Тој изборот го направи од филмови кои биле прикажани на фестивалите во Берлин, Кан и Карлови Вари.
Неговиот избор од годинешната скратена програма ги содржи следните филмови:

МУРИНА – копродукција помеѓу Хрватска, Бразил, САД и Словенија
Филмот преставува приказна за една тинејџерка која минува низ секојдневна фрустрирачка борба со строгиот татко, што ја доведува до искушение да го напушти местото на нејзиното страдање, кое милиони туристи го доживуваат како место за уживање. Кинематограферски маестрално спакуван, исполнет со сјајот и привлечноста на јадранските бои, овој филм ја доби наградата „Златна камера“ на последниот филмски фестивал во Кан.Освен тоа на фестивалот во Пула филмот освои три награди: За најдобра споредна улога за актерката Даница Ќурчиќ, Наградата „Бреза“ за најдобар дебитант која и припадна на режисерката Кусијановиќ и наградата Златна порта на Пула за најдобар филм од страна на публиката.
Главните улоги ги толкуваат : Грација Филиповиќ, Леон Лучев, Даница Ќурчиќ и Клиф Кертис.

НЕ ПОСТОИ ЗЛО – од иранскиот кинематографер Ашкан Ашкани и режисерот Мохамад Расулоф .Филмот важи за едно од највознемирувачките дела во поновата светска кинематографија.Овој филм низ четири, навидум неповрзани, епизоди од денешниот живот во Иран, споро, на почетокот суптилно, а потоа и експлицитно нè соочува со една од најтешките морални дилеми на човештвото – смртната казна. Филмот ја доби главната награда „Златна мечка“ на филмскиот фестивал во Берлин во 2020 г.

КУПЕ БРОЈ 6 – Приказната е патешествие кое се случува во воз што патува од Москва до Мурманск. Филмот е снимен во вистински воз кој патува на редовната линија и прикажува една симпатична пријателска врска помеѓу девојка од Финска и момче од Русија, кои се запознаваат во купето со број 6 и кои иако не се оддалечуваат од стереотипите на своите култури, развиваат топол однос како противтежа на студенилото внатре во луѓето и надвор од возот.
Кинематографер на филмот е Јани-Петери Паси а режисер е Јухо Куосманен .

ТРКАЛО НА СРЕЌАТА И ФАНТАЗИЈАТА – јапонски филм во режија на Рјусуке Хамагучи, кинематографер Јукико Ијока.
Неочекуван љубовен триаголник, неуспешна замка за заведување и средба што произлегува од недоразбирање, раскакажан во три приказни за да прикаже три женски лика и да ги следи траекториите помеѓу нивниот избор и жалење.Филмот беше на граден на фестивалот во Берлин.

МАГНЕТНИ УДАРИ – Француско германска копродукција во режија на Винсент Кардона чиј кинематографер е Брис Панкото.
Дејствието на филмот се случува во Бретања, 1980 -ти.
Еден куп пријатели копнеат по возбуда и за таа цел работаат во бесплатна радио станица во нивното родно село. Жером го води радиото со единствена харизма додека Филип, техничкиот гениј, живее во сенката на Жером, неговиот голем брат.

НАЈЛОШАТА ЛИЧНОСТ НА СВЕТОТ- Филмот преставува норвешко, француско, шведско , данско ,американска копродукција. Режисер на филмот е познатиот Јоаким Трир а кинематографер е Каспен Туксен.
Џули наполни триесет години а нејзиниот живот е егзистенцијален хаос. Неколку од нејзините таленти исчезнаа и нејзиното постаро момче, Аксел – успешен графички романсиер, се залага тие да се смират. Една ноќ, таа прави забава и се среќава со младиот и шармантен Ајвинд.
Филмот беше дел од натпреварувачката програма на годинешниот Кански филмски фестивал на кој актерката Ренате Реинсве ја освои наградата за најдобра актерка.

ПЕРДУВИ – Режисер на овој филм кој преставува копродукција помеѓу Египет, Холандија, Грција и Франција е Омар Ел Зохаири а кинематографер е Камил Сами.
Семејство е принудено да влезе во период на самооткривање, откако неговиот авторитарен патријарх случајно е претворен во пилешко од еден волшебник за време на детска роденденска забава. Мајката, чиј секојдневен живот беше посветен на нејзиниот сопруг и децата, сега се моли да ги помести небото и земјата за да го врати нејзиниот сопруг и да го обезбеди нивниот опстанок, што ја тера да помине низ целосна трансформација.

СТРАХИЊА БАНОВИЌ (КОЛКУ ДАЛЕКУ МОЖАМ ДА ОДАМ ) – Филмот е копродукција помеѓу Србија, Рранција, Луксембург, Бугарија и Литванија.Во овој филм ,кој победи на 55. Фестивал во Карлови Вари и го оссвои Кристалниот глобус, главните улоги ги толкуваат Ибрахим Кома и Ненси Менса – Офеи.Овој филм на режисерот Стефан Арсенијевиќ на фестивалот ја освои и наградата на екуменското жири како и наградите во категоријата најдобра машка улога која му припадна на актерот Ибрахим Кома како и посебното признание за кинематографката Јелена Станковиќ.
Страхиња и неговата сопруга Абабуо, двајцата 28годишници, ја напуштаат Гана на почетокот на мигрантската криза. Тие успеаја да стигнат до Германија, но беа депортирани назад во Белград. Србија можеби не е Германија, но Страхиња дава се од себе за да започне нов живот таму. Една ноќ, пристигнува нова група сириски бегалци на пат кон Западна Европа. Еден од нив е Али, харизматичен левичарски активист. Првично, сопругата на Страхиња, Абабуо, го исмева Али, но следниот ден, ја напушта Србија со него, не давајќи никакво објаснување. Страхиња не се двоуми и тргнува по балканската мигрантска рута од сосема различни причини од било кој друг: од љубов.Инаку филмот е инспириран од српската средновековна епска песна.

ТИТАН- Овој француско белгиски филм ,кој преставува хорор –трилер, ќе биде прикажан на затворањето на годинешниот фестивал ,во вторник на 21.септември одкако предходно ќе бидат доделени наградите на најдобрите.
Филмот победи на годинешниот Кански филмски фестивал освојувајќи ја наградата Златна Палма за најдобар филм. Режијата на филмот во кој главните улоги ги толкуваат Агата Русел и Винсент Линдон, ја потпишува Жулија Дукорно а кинематографер е Рубен Импенс.
Според Би БиСи се работи за најшокантниот филм за оваа 2021 година.
Филмот, кој е втор во кариерата на француската режисерка, зборува за една млада жена која преживеала сообраќајна несреќа како дете, а подоцна во животот станува убиец и негува необична сексуална врска со автомобилите.


Годинешното жири кое ќе го оценува филмовите од натпреварувачката програма е предводено од кинематограферот Суки Меденчевиќ а членови на жирито се Филип Бергсон, филмски критичар, Соња Просенц, режисер, Вим Ванекер, режисер и Димо Попов, кинематографер.

Во натпреварувачката програма за кратки филмови , селектирана од Даријан Пејовски, по наградите ќе се натпреваруваат десет кусометражни филмови ,главно европски филмови , вклучувајќи и филмови кои доаѓаат од Иран и Перу, кои се направени од релативно непознати филмаџии како и филмови кои се прикажани на големите филмски фестивали.
Најголемо внимание меѓу нив се очекува да предизвика македонскиот филм „Северен пол“ на режисерката Марија Апчевска – единствениот македонски филм кој беше вклучен во официјалната селекција на годинешниот Кански филмски фестивал.

Годинешниот фестивал има и богата Офф програма во која се вклучени изложби, концерти, настани поврзани со фестивалот кои ќе се одржуваат на Широк сокак. Фестивалот ќе има и неколку работилници меѓу кои и онаа на која добитникот на Златната камера 300 за животно дело, Кристијан Бергер, лично ќе го презентира револуционерниот систем за филмско осветлување.
Се’ на се’ , овие денови Битола живее со својот филмски фестивал , кој оваа година иако со скратена програма и помалку гламур , ќе придонесе првиот и најстариот филмски фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите да опстои и во наредниот период.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк







