Во Франција кон крајот на календарското лето четириесетина години наназад во монденското летувалиште Довил, градче со 4000 жители,се одржува фестивал на американскиот филм.Оваа година тој се одржа во периодот помеѓу 1 и 10 септември по 43 пат.
Фестивалот заврши во неделата а еден ден порано беа доделени наградите.Инаку, на фестивалот се доделуваат неколку награди . Најважната од сите нив е Големата награда ( Гран при). Од 1995 до 2007 наградата била именувана како Специјална Гран При награда на Довил а од 1998 и 1999 Гран При награда на независниот американски филм.Тука е и наградата на жирито, наградата на публиката , награда на интернационалната критика.
Председател на годинешното жири кое одлучуваше за наградите беше предводено од режисерот Мишел Хазанавициус кој се прослави со филмот „ Уметникот“кој во 2011 година освои 5 Оскари а во жирито учествуваа уште девет членови , познати актери и режисери.
Во трката по големата награда на жирито – Гран при , се натпреваруваа 14 филмови од најновата американска продукција.
Главната награда-наградата Гран при му припадна на филмот „ Јавачот“ на режисерот Кло Зао.
Наградата на жирито ја споделија два филма: „ Приказна за духот“ на режисерот Дејвид Ловери и „ Бруклинскиот евреин“ на режисерот Џошуа Вајнштајн.
Наградата на критиката му припадна на филмот„ Приказна за духот“ на режисерот Дејвид Ловери.
Наградата на публиката ја освои филмот „ Мери“ на режисерот Марк Веб.
На годинешниот фестивал во Довил дури на шестмина американски автори им беше оддадена посебна почит. Освен признанија за нивната досегашна работа во рамките на фестивалот беа прикажани и филмови од нивното творештво. Со ваква чест беа удостоени актерите Лора Дерн, Џеф Голдблум, Вуди Харелсон, Роберт Патисон и Мишел Родригез како и познатиот режисер Дарен Аронофски познат по филмовите:„Реквием за еден сон“,„ Пи“, „ Фонтаната“ и секако најпознатиот“ Црниот лебед“.
Фестивалот во Довил се одржува такаречи паралелно со фестивалот во Венеција што за организаторите на оваа манифестација преставува олеснителна околност во Довил да ги донесат такаречи сите американски филмски ѕвезди кои предходно биле гости на фестивалот во Венеција.А во Довил во изминатите 40 години такаречи не постои филмска ѕвезда која не гостувала во ова монденско летувалиште.
Оваа година покрај актерите на кои им беше укажана посебна почит, во Довил присуствуваа и повеќе познати актери чии филмови беа прикажани на фестивалот.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк