Синоќа во Белград во Сава центар со проекцијата на филмот „ Големото ископување“, започна 49. издание на еден од најголемите и најстарите филмски фестивали на овие простори – ФЕСТ, чие мото е „Враќање во иднината“.На свеченото отворање на режисерот Пуриша Ѓорѓевиќ и актерот Раде Шербеџија им беа врачени почесните награди „Белградски победник“за исклучителниот придонес во филмската уметност.
Фестивалот за отворен го прогласи Раде Шербеџија.
Во филмот „Големото ископување“ на австралискиот режисер Сајмон Стоун, главните улоги ги толкуваат:Кери Малиген и Рејф Фајнс кој на ФЕСТ беше гостин во 2011 и 2019 година.
Дејствието на филмот се случува во предвечерието на Втората светска војна кога британската вдовица го ангажира самоукиот археолог на ископување на една мистериозна формација на нејзиниот посед, што ќе доведе до запрепастувачко откритие.
Фестивалот , кој вообичаено се одржува кон крајот на февруари и почетокот на март, оваа година заради пандемијата на корона вирусот, беше поместен во април но повторно беше одложен за почетокот на мај (7 – 16.мај).
И годинешниот фестивал е составен од неколку прогамски секции:
Главна натпреварувачка програма, Главна програма – вон конкуренција, Гала, ФЕСТ49,ФЕСТ фокус, Интро ФЕСТ, Специјални проекции и Фестовите 50.
Во главната натпреварувачка програма се наоѓаат 18 филмови кои доаѓаат од 18 земји.
Во ваа програма публиката ќе може да види три српски филмови:„Оаза“ на режисерот и сценаристот Иван Икиќ, „Живиот човек“на режисерот Олег Новковиќ и „Лихвар“ на Немања Ќераниќ.
Уметничкиот директор на фестивалот Југослав Пантелиќ најави дека меѓу авторите од оваа програма има и неколкумина повратници чии нови филмови ќе бидат застапени во рамките на оваа програмска секција.Тоа се Далибор Матаниќ со својот нов филм „Зора“ , грчкиот режисер Аргирис Пападимитропулос , кој пред три години на ФЕСТ беше награден за филмот „Топлотен удар “ оваа година доаѓа со својот нов филм „Понеделник“а тука ќе биде и Сузана Никјарели која на фестивалот во Белград била во 1988 година , овојпат доаѓа со филмот „ Мис Маркс“кој говори за животот на Елеонор, ќерката на Маркс.
Меѓу филмовите од оваа селекција се наоѓа и филмот „Енфант Терибле“кој говори за животот на германскиот режисер Рајнер Вернер Фасзбиндер.
Во оваа програма се најде и тунискиот филм„Човекот кој ја продаде својата кожа“ во режија на Каутер Бен Хани во кој една од главните улоги толкува Моника Белучи која во 2017 беше гостинка на ФЕСТ. Инаку, да се потсетиме филмот беше меѓу петте номинирани за наградата Оскар во категоријата најдобар Меѓународен филм.
Унгарската режисерка Лили Хорват која беше на ФЕСТ во 2016 , оваа година доаѓа со филмот „Подготовки за заеднички живот на неодредено време“а Данило Шербеџија кој во 2017 година на ФЕСТ се престави со филмот „Ослободување на Скопје“, оваа година се преставува со својот нов филм „Тереза 37“во кој 37 годишната Сплиќанка Тереза го преиспитува својот рутински брак и го менува својот живот, во духот на новостекнатата слобода.
Тука се и филмовите: „Деца на сонцето“на славниот ирански режисер Маџид Маџиди, „Ноќ на кралевите“на францускиот режисер Филип Лакот, аргентинскиот филм „Ловец“на режисерот Марк Бергер, американската комедија „Палм Спрингс“, италијанското остварување „Темна бајка“ на браќата Дамијано и Фабио Д’Инонченцо како и германскиот филм „За децата“ на режисерката Барбара От .
Натпреварувачката програма ја надополнуваат уште и филмовите „Застој“ на режисерот Винко Модрндорфер кој преставува копродукција помеѓу Северна Македонија, Србија и Словенија кој токму на ФЕСТ ќе ја има својата светска премиера. Приказната на филмот следи две брачни двојки од различни општествени слоеви, кои на прв поглед немаат ништо заедничко. Тука е и српско турскиот филм „Потенцијален кандидат“ на режисерот Еркан Кесал чиј главен јунак е Кемал кој подготвува свечена вечера верувајќи дека на неа председателот на партијата ќе го прогласи з кандидат за градоначалник.
Жирито на натпреварувачката селекција го сочинуваат :актерот Игор Ѓорѓевиќ, режисерот Дане Комљен, грчкиот режисер и сценарист Захаријас Мавроедис, актерката Дубравка Ковањиќ и босанско херцеговската режисерка Инес Тановиќ.
Во рамките на секцијата Главна програма – надвор од конкуренција ќе биде прикажан документарниот филм „Крека:Ловец на соништа“на режисерот Слободан Иветиќ. Филмот говори за кариерата на познатиот филмски сценограф Миљен Кљаковиќ – Крека и ја открива сета љубов и значење на филмската сценографија.
Со проекцијата на овој филм ќе биде затворен годинешниот фестивал. На самото затворање на Миљен Кљаковиќ – Крека ќе му биде врачена почесната специјална награда „ Белградски победник“ за исклучителниот придонес во филмската уметност.
Во програмскиот сегмент „Гала“ ќе бидат прикажани 19 филмови од осум земји.Во оваа селекција се наоѓаат пет остварувања наградени со Оскар на неодамна одржаната церемонија на американската Академија за филмски уметности и наука како и филмови во кои настапуваат голем број на познати актерски ѕвезди како :Кејт Винслет, Џони Деп, Жилијет Бинош, Сигурни Вивер,Ентони Хопкинс, Оливија Колман, Виго Мортенсен, Хавиер Бардем, Салма Хајек, Рејф Фајнс, Колин Ферт, Френсис Мек Дорманд и многу други.Најголем број на филмови во оваа селекциа се англиското говорно подрачје , односно од САД, Велика Британија и Канада.
Еве некои од филмовите кои ќе бидат прикажани во овој програмски сегмент кој традиционално предизвикува најголем интерес кај публиката.
„Минамата“ на режисерот Ендру Левитас со Џони Деп во главната улога кој го игра ликот на фотографот Вилијам Јуџин Смит кој во 1971 година оди во Јапонија .
„Патиштата по кои не сум поминал“ на режисерката Сали Потер со Хавиер Бардем, Лора Лини , Салма Хајек и српската актерка Бранка Катиќ.
„ Амонит“со Кејт Винслет и Серше Ронан на режисерот Франсис Ли кој говори за признатата и самоука палеонтологиња Мери Анинг.
„Супрнова“ на режисерот Хари Меквин со оскаровецот Колин Ферт и Стенли Тучи.
„ Светот на Рифки“ актуелниот филм на неуморниот Вуди Ален кој е снимен во Шпанија и во кој една американска двојка оди во Сан Себастијан на филмскиот фстивал каде ќе биде вовлечена во волшебството на случувањата, убавината и шармот на градот и фантазијата на филмовите.
„Посрнување“, дебитанскиот филм како режисер на актерот Виго Мортенсен кој го напиша си сценариото за филмот а ја толкува и главната улога.
„ Мојата година со Селинџер“ , драма во режија на Фипип Фалардо .
„ Конечен извештај“ новиот филм на познатиот унгарски режисер Иштван Сабо. Се работи за филм кој говори за еден кардиолог кој оди во пензија и кој се враќа во своето родно село за да работи како лекар од општа пракса.
„Како да се биде добра сопруга“ француска комедија во режија на Мартен Провост чие дејствие се случува во времето на големите протести ширум Франција во 2968 година.
Веќе споменавме дека во оваа програма се наоѓаат и пет филмови кои неодамна се закитија со наградата Оскар.
„ Земја на номадите“ на режисерката Клое Жао кој доби три Оскари (за најдобар филм, режија и главна женска улога).
„Татко“ на режисерот Флоријан Зелер , добитник на два Оскари , за најдобра машка улога (Ентони Хопкинс) и адаптирано сценарио (флоријан Зелер и Кристофер Хамптон.
„ Жената која ветува“ на режисерката Емералд Фенер која го освои оскарот за оригинално сценарио.
„ Звук на металот“ со Оскари за најдобар звук и најдобра монтажа и
„ Минари“ со освоен Оскар за најдобра споредна женска улога за Ју- Џунг Ју.
Програмскиот сегмент „ФЕСТ 49“ содржи 17 филмови од најновата светска продукциа кои доаѓаат од :Италија, Франција Белгија, Австралија, Бразил,Колумбија, Норвешка, Германија, Израел и САД.Тоа е избор на филмови кои биле дел на некој од познатите светски фестивали во текот на изминатата 2020 година.
Во програмската секција именувана како „ФЕСТ фокус“ ќе бидат прикажани вкупно 14 филмови меѓу кои и два од Србија и по еден од Хрватска , Црна Гора и Словенија.
„ Дофати го небото“во режија на Милутин Дариќ, доаѓа од Црна Гора а филмовите „Призори од животите на џукелите „ на режисерката Тања Брзаковиќ и „ Пролетна песна“ на Наталија Аврамовиќ , доаѓаат од Србија.
Хрватскиот режисер Милан Тренц на годинешниот фестивал во Белград се преставува со филмот „ Рибарење и рибарско приговарање“ во кој главната улога ја толкува Раде Шербеџија.
Тука е и филмот Санремо“ на режисерот Мирослав Мандиќ кој преставува словенечко италијанска копродукција.
Селекцијата „Интро ФЕСТ“ е составена од пет кусометражни играни филмови кои доаѓаат од Шпанија, САД и три од Србија.
Следната 2020 година ФЕСТ ќе го прослави својот 50 роденден .По тој повод една од најинтересните и најквалитетните програми е именуван како „ФЕСТОВИТЕ 50“во чии рамки е предвидено да се прикажат 10 филмски бисери кои биле дел од програмата на овој фестивал во изминатите 48 години.
Повозрасната публика ќе има можност да се потсети а помладата да се запознае со филмови кои се влезени во историјата на овој фестивал но и воопшто во историјата на филмот.Изборот го сочинуваат филмовите:
„2001 одисеја во вселената“ на режисерот Стенли Кјубрик
„Андреј Рубљов“ на Андреј Тарковски
„Пети Блу“ на Жан – Жак Беино
„Борсалино“ на Жак Дереј
„Кум епилог:Смртта на Мајкл Корлеоне на Френсис Форд Копола
„Лимениот барабан“ (режисерска верзија) на Волкер Шлендорф
„ Полноќен каубој“ на Џоел Шумахер
„ Смрт во Венеција“ на Лукинио Висконти
„Тристана“ на Луис Буњуел и „ Змиско јајце“ на Ингмар Бергман.
Фестивалот завршува на 16 мај кога ќе бидат доделени наградите во повеќе категории.
Годинешниот фестивал се одржува со почитување на сите мерки на Владата на Република Србија и Кризниот штаб за сузбивање на заразната болест ковид 19.
Проекциите на филмовите ќе се одржуваат во Сава Центар, Комбанк двораната, Домот на младите и кино салите во галеријата Синеплекс.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк