• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, мај 14, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

50 години од филмот „Цената на градот“

јули 24, 2020
in Филмољубие

Во изминатиот прилог кога говоревме за летните филмски фестивали , споменавме дека 67. издание на Пулскиот фестивал наместо во првично најавениот термин на неговото одржување од 18 до 26 .јули е поместен за почетокот на септември.

А точно пред 50 години на овој познат филмски фестивал во тогашната Југославија своја премиера доживеа македонскиот црно бел  игран филм „ Цената на градот“ во режија на Љубиша Георгиевски.

Ова беше четвртиот и воедно последниот игран филм на режисерот Георгиевски во неговата режисерска кариера во кој реализираше и неколку телевизиски филмови и кусометражни филмови.

Сценариото за филмот го напиша Симон Дракул а било инспирирано од една вистинска случка која се случила пред крајот на Вората светска војна во Охрид.Настанот се случил во октомври 1944 година  при повлекувањето на германските сили  од Балканот кога група на воени заробеници користи можност за бегство и се засолнува во градот.Германската власт испраќа ултиматум до граѓаните  барајќи од нив да ги предадат пребегнатите заробеници заканувај ќи се со свирепа одмазда.

cg2 Fotor Collage

Приказната на филмот говори за случувата во последните денови на окупацијата односно во текот на октомври 1944 година, кога жителите на градот ослободуваат руски и италијански војници.

Германскиот командант бара од граѓаните да ги предадат ослободените заробеници, заканувајќи се дека во спротивно ќе го минираат градот. Но, љубовта што командантот ја чувствува за гимназијалката Елена го попречува во извршувањето на злосторството. Како откуп за градот ја бара девојката. Таткото на Елена, свештеник, се жртвува себе си и ќерка си, и ги венчава. Партизаните влегуваат во градот и во германскиот штаб ги убиваат штотуку венчаните, во моментот кога на лицето на Елена за првпат се забележува симпатија кон германскиот командант.

cg1 Fotor Collage

Главните улоги во филмот околу кои се плете приказната , ги толкуваат двајца романски актери. Јурие Дарие кој го игра ликот на командатот на германците во градот , Ото Хорст, и Силвија Бадеску која го игра ликот на девојката Елена во која се вљубува командатот Хорст.

Во останатите улоги настапуваат и Драгомир Фелба во ликот на попот Климе, таткото на Елена,   Драги Костовски, Ацо Јовановски, Ацо Стефановски, Петар Стојковски, Дарко Дамевски, Димче Стефановски, Јосиф Јосифовски, Јон Исаја, Кирил Ќортошев, Љубиша Трајковски , Вукан Диневски, Предраг Дишљеновиќ, Нада Гешовска, Мара Исаја и други.

Музиката за филмот ја напиша Кирил Македонски, кинематографер е Бранко Михајловски, монтажер е Вангел Чамчев – Лаки.

Како помошник режисер во овој филм се појавува Кирил Ценевски и ова за него преставува дебитантско остварување. Пет години подоцна тој ќе се прослави со филмот„Црно семе“кој и ден денес се смета за еден од најдобрите македонски играни филмови во поновата историја на македонскиот игран филм.

Филмот „ Цената на градот“ се реализираше во 1969 година на локации во Охрид. Во неговата реализација зедоа учество како статисти и поголем број на наши сограѓани .

Инаку, Охрид со своте убавини и историски локалитети е мошне честа  филмска дестинација за филмаџиите уште од самите почетоци на македонската кинаматографија почнувајќи од првиот македонски игран филм „ Фросина“ во 1952 година , првиот македонски филм во боја „Мис Стон“, првиот македонски игран филм режиран од македонски режисер и воедно првата македонска комедија „ Мирно лето“, преку  „Најдолгиот пат“ , „ Исправи се Делфина“ па се’ до  еден од последните македонски играни филмови „ Дедо и внук“ на нашиот сограѓанин Илија Пиперкоски.

s l400 copy copy

Според многумина критичари од тој период а и денес , овој филм е единствениот филм од творештвото на Љубиша Георгиевски за кој може да се рече дека задоволува определени структурални и естетски вредности. Филмот, според нив, само потврдува дека најсилниот адут во македонската играна продукција се директорите на фотографија и снимателите, а во „Цената на градот “тоа може и да се апострофира.Актерската екипа, хетерогена според составот, така и функционира.Додека улогите на Јурие Дарие и Драгомир Фелба се одиграни со значајни актерски акценти, крајно бледа е ролјата на романката Силвија Бадеску.Веројатно партиципацијата на Кирил Ценевски како помошник режисер во филмот придонела за определен визуелно-естетски квалитет на филмот.Баладично интонираната музика на Кирил Македонски дава соодветна поддршка во текот на целиот филм.

Има и  еден интересен момент кој е сврзан со овој филм.

Имено , во 1984 година Бугарија сними своја верзија на овој настан која го преточи во игран филм. Насловот на филмот е „Спасување“ а го режираше Борислав Пунчев. Главните улоги во филмот ги толкуваат Коста Цонев и тогашната голема бугарска филмска ѕвезда Невена Коканова.

Во нивната верзија не се работи за спасување на руски и италијански војници (како што е преставено во македонскиот филм), туку за бугарски војници .

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 56
Share
Previous Post

Атрактивни викенд-содржини на манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца

Next Post

Во Охрид активни 111 случаи на ковид-19

Next Post
Во Охрид активни 111 случаи на ковид-19

Во Охрид активни 111 случаи на ковид-19

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 56

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk