Семејната здравствена историја вклучува листа на болестите во семејството, како и здравствените состојби на неговите членови.
Медицинската историја на нашето семејство може да обезбеди корисни информации за нашето здравје.
Вие и членовите на вашето семејство споделувате гени кои имаат силно влијание на организмот и неговата здравствена состојба. Начинот на живот на родителите и болестите што ги наследуваат од сопствените родители можат да бидат вистински фактори на ризик за здравјето на помладите генерации.
Најчестите состојби кои се јавуваат во семејствата се срцевите заболувања, висок шеќер во организмот (дијабетес) и ракот (на дебелото црево, желудникот, ендометриумот, белите дробови, мочниот меур, градите и кожата), целијачната болест, астмата, високиот холестерол, како и високиот крвен притисок.
Ако имате хронични состојби кои се јавуваат во вашето семејство особено ако имало членови на семејството кои починале од одредени болести, се препорачуваат разговори и консултации со доктор по генетика за здравствената историја на семејството.
За повеќе информации посетете нѐ или контактирајте нѐ:
ул. „Ванчо Питошески“ 19А
+389 46 511 022
biomedlabohrid@gmail.com
️ fb: БИОМЕД ЛАБ
#biomedlab#биомедлаб#генетика#molekularnadijagnostika#ohrid#medicallab#health#healthcare#advancedtechnology#analiza
Публицитет.мк