• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, август 25, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

ноември 17, 2024
in Омнубус
Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

По повод Европската недела на ХИВ тестирање и месецот на машкото здравје, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, под мотото „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“ им овозможува на сите заинтересирани граѓани во периодот 18-23 ноември бесплатно и доверливо да се тестираат за ХИВ и други сексуално преносливи инфекции во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно.

Истражувањата покажуваат дека една од најголемите пречки за справување со ХИВ е доцната дијагноза, затоа превенцијата и раното откривање на ХИВ се клучни. 

Со раното откривање на ХИВ и навремениот третман, целосно се спречува  ризикот од понатамошно пренесување на инфекцијата по сексуален начин. Антиретровирусната терапија покрај тоа што  им овозможува на лицата со ХИВ да живеат долго и квалитетно, е ефективна превенција на ХИВ, бидејќи го намалува вирусот на недетектибилно ниво, а со тоа оневозможува натамошен пренос. 

Резултатите се доверливи и се добиваат за само 20 минути, а услугите вклучуваат и тестови за други сексуално преносливи инфекции како сифилис, гонореја и кламидија. 

Ноември е месец на грижата за машкото здравје и затоа посебно ги охрабруваме сексуално активните момчиња и мажи да се обратат во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ кој се наоѓа на ул. „Елисие Поповски Марко“ бр.2, од 18 до 23 ноември секој работен ден од 15 – 18ч. и сабота од 12 -15ч. 

Термин за бесплатно тестирање можете да закажете на телефонскиот број 02/ 3176 – 950, или онлајн на следниов линк: https://hera.org.mk/onlajn-zakazuvanje-pregled/ 

Европската недела на ХИВ тестирање, која ќе се одржи од 18 до 25 ноември, им нуди на партнерите низ Европа единствена можност да се обединат за да ја зголемат свеста за придобивките од раното тестирање за ХИВ, хепатитис и СПИ кај оние кои се изложени на ризик и да промовираат зголемен пристап до тестирање. Оваа иницијатива нуди бесплатни, анонимни и доверливи тестирања за ХИВ на различни локации низ државата.

Публицитет.мк

Посетеност: 204
Share
Previous Post

АЛПОЈО ОХРИД: Акција на познати мексикански и германски пива – побрзајте!

Next Post

„Охридски календар“- сите историски факти на едно место

Next Post
„Охридски календар“- сите историски факти на едно место

„Охридски календар“- сите историски факти на едно место

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 204

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk