Дравет синдромот е многу ретка и тешка форма на епилепсија која започнува во раното детство – најчесто во првата година, околу шестмесечна возраст. ![]()
![]()
Состојбата е доживотна и бара постојано медицинско следење.
Почетните напади најчесто се тонично-клонични грчеви со продолжено траење, кои обично се јавуваат при повишена температура и на почеток може да личат на фебрилни конвулзии. ![]()
Симптоми
Децата со Дравет синдром често имаат:
Заостанат психомоторен развој
Чести напади
Потешкотии со спиењето
Хронични инфекции
Проблеми со растот и рамнотежата
Тешкотии во комуникацијата
Хиперактивност
Синдромот е редок – се јавува кај 1 од 20.000 до 1 од 40.000 деца.
Причини
Најчесто е предизвикан од:
Мутации во SCN1A генот
Редокo во SCN2A генот
Овие гени се наоѓаат на хромозомот 2 и се вклучени во функцијата на нервните клетки.
Генетско тестирање во БИОМЕД ЛАБ
Во БИОМЕД ЛАБ се врши генетска анализа на SCN1A, SCN2A и други гени поврзани со Дравет синдром, што овозможува:
рана и сигурна дијагноза
подобро следење и планирање на терапија
проценка на ризик за други членови на семејството
превенција на компликации
Рано советување со доктор по генетски науки е од голема важност.
За повеќе информации посетете нѐ или контактирајте нѐ:
ул. „Ванчо Питошески“ 19А
+389 46 511 022
biomedlabohrid@gmail.com
️ fb: БИОМЕД ЛАБ
#biomedlab#биомедлаб#генетика#molekularnadijagnostika#ohrid#medicallab#health#healthcare#advancedtechnology#analiza
Фото: Фејсбук БИОМЕД ЛАБ
Публицитет.мк








