• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, ноември 6, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

САРИТА КОНЕСКА, ЛИКОВНА УМЕТНИЦА: Човечките фигури, настаните, природата и просторот се моја инспирација!

ноември 5, 2026
in На минување
САРИТА КОНЕСКА, ЛИКОВНА УМЕТНИЦА: Човечките фигури, настаните, природата и просторот се моја инспирација!

За скопјанката Сарита Конеска, ликовната инспирација се крие во човечките судбини, средбите, природата, архитектурата и духовните вредности. 

Нејзиното творештво е патување низ различни мотиви, но и потрага по вистината, трајните вредности и сопствениот творечки идентитет.Сарита, успешно го поврзува својот уметнички израз и својата лична творечка дејност

.*Кога за првпат почувствувавте дека токму преку бојата, линијата и формата можете најискрено да ги изразите своите мисли и чувства?

– Уште во своето првобитно најрано искуство во допирот со овие природни вредности, јас како и многу деца, ја пронаоѓам инспирацијата низ репродукциите по книгите, илустрациите по прозите, исто така по книгите на полиците од својот дом, сопственост на мојата мајка. Често сум знаела, како јас така и моите другарки, помало братче и испечатените страници со текст и букви, да ги применам како подлога и за мојата импресија, и истата да ја преточам во некој потег со помош на боичка, молив, фломастер и слично.

*Сликарството е јазик без зборови, но со безброј значења. Кога стоите пред празно платно, што е првото нешто што Ве води, некоја емоција, личен спомен, сон, човечки лик или боја што едноставно Ве повикува да ја претворите во приказна?

– За мене, чистото платно исто така само по себе, претставува убавина… Површина… Пространство… Во исто време, причина, можност и прилика, за да своето убаво чувство, игра на расположената свест и инспирација, да се преточи во насликана порака, создадена со помош на основните ликовни принципи за творење (првенствено), споделување и креирање, компонирање ликовна композиција од мотиви, теми, техники, кои раскажуваат и запечатуваат ликовно најразлични приказни, теории, филозофии, тврдења, свет на овие и други поимања и толкувања… А, можеби, некогаш се задржувам на една инспиративна мотивација и само со неа си играм, ја развивам приказната, или пак просто пренесувам некоја вистина, за која линијата, потегот на четката, поетично се движат, танцуваат и така натаму. А инспирација може да биде буквално сѐ…

*Што најмногу Ве преокупира како уметница? Кои теми, човечки судбини или општествени појави чувствувате дека мора да ги преточите во слика?

– Па како што посочив, разни се темите, мотивите и инспирациите. Тоа е еден бескраен, богат свет. Но, најчесто кога сум работела по сопствена инспирација, а не зададена, тоа се ликови на луѓе, разни жанр средби со човечки фигури, настани. Некогаш пак просторот, знае да ми биде инспирација, црквеното сликарство, архитектурата, природата најчесто е непресушна инспирација и мотив, одредени природни ефекти со игра на светлина и слично.

*Дали Вашите слики се повеќе одраз на реалноста што Ве опкружува или, пак, прозорец кон еден внатрешен свет што другите не можат да го видат, освен преку Вашето творештво.

– Моето творештво, е главно сѐ уште во фаза на истражување и макотрпна работа, за потребите на ова дисфункционално општество, кое сепак е мое родено место и сметам дека сепак досега го заслужуваше, тоа творештво. Моето творештво се сведува на сликарски изработки кои се одговор на побараните теми, мотиви и техники, од луѓето, за многу малку “кеш” или сосема бесплатно – подарени, што од мојата лична почит, што поради почитта кон моите блиски… Истите купени, можат да се сретнат на социјалните страници, а оние кои биле дадени бесплатно – се веќе недопирливи за било каква јавност и скоро “непристапни”…

*Во време кога визуелните содржини се достапни насекаде, а уметноста често се соочува со брзото темпо на животот, колку е тешко за една млада сликарка да остане доследна на сопствениот израз и да допре до вистинската публика?

– “Денес”- не е, ништо поразлично од “Вчера”, или од “Некогаш” за творењето…Темпото е само варијација на начин и избор на творење, “премин” од една во друга свест.. Не е проблем воопшто и ништо не претставува проблем, за да се задржи доследноста.

*Кои се Вашите најпознати уметнички ангажмани досега?

– Најефективните аганжмани се самите реализации на изложбите, почнувајќи од: “Шарената игра” – 2006,” Небесно синило”, “Небо во боја”, ” Времеплов” – 2021, “Визуелни сегменти” – 2012. Некои мултимедијални манифестации како “Деноноќие “, Зелени сегменти”, ” Еко не его арт “, ” Од отпад – до уметност”, Изложбата со икони, Учество во проекти поврзани со Црковната уметност – 2006 / 26 и слично.

* Имате портрети и на духовни великодостојници. Што треба да инспирира една ликовна уметница за такви дела?

– Портретирање ми е во последните 10 години најинтересно и ден денес го обожавам. Без разлика во која техника, интерпретација и изведба…

*Потекнувате од семејство чие  презиме има посебно место во македонската култура. Колку наследството на Блаже Конески влијае врз Вашето доживување на уметноста?

 – Многу голема улога има неговото творештво и неговото дело како за сите, така и за мене. Неопислива е мојата чест, од аспект на тоа. Останувам без зборови…

*Дали постои некоја Ваша слика што има особено интимно значење – дело во кое сте оставиле дел од себе, своја тајна, болка, радост или мисла што не сте можеле да ја искажете со зборови?

– Има. Тоа се обично изработки дела, кои сум ги работела за време на моето школување во УПУ “Лазар Личеноски”- во класата сликари на покојниот професор Анѓеле Гавровски. Исто така дел од мултимедијалните проекти, икони и секако сликата ” Големата Вода” според делото на Живко Чинго и дел од Сликарскиот проект “Времеплов”- 2021, Скопје.

*Каква трага би сакале Вашето сликарство да остави во македонската култура?

– Би сакала да доживее барем одредена доза на просветлување/ освестување, позитивно, во своја полза, да го мотивира, да создава свет на вистина, вредност и вечност во времетрањето на своето човечко дело.Веќе го имам доживеано тоа чувство, преку повеќето свои видувачи на моите дела и застапувања, посебно во светот на младите.Мнозина од тие млади, се луѓе, веќе успешни уметници, семејни свои луѓе и таканатаму

*Кои се Вашите најблиски планови?

– Во најскоро време, сакам да се осврнам на “наследствата” односно да го следам веќе делото на моите претци со посериозен и потемелен пристап и чекор. Иако тоа е најтешката задача. Веќе сум во средната доба на својата зрелост и возраст. Па да се надеваме, дека ќе се обелодени делото, а одговорот на тоа прашање е и дека нема ништо друго, поубаво и поверодостојно чесно, за еден творец, професионалец, просветен работник и граѓанин/ка, во било кое време, било кое место или простор, да се обрати кон своето изворно подрачје на творештво и да го обнови, пресоздаде, предаде и продолжи…


Валентина Ѓоргиевска Парго 

Публицитет.мк

Посетеност: 225
Share
Previous Post

Од Охрид до Калифорнија: Нашата Ирма Гогова го објави својот прв спот „BLUE“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 225

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk