• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, јули 11, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

60 години Балкански фестивал – Милорад Душаниќ

јули 10, 2021
in Во потрага по трајната убавина
60 години Балкански фестивал – Милорад Душаниќ

Покојниот Милорад Душаниќ беше директор на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во годините кога оваа надалеку позната манифестација ги имала своите ѕвездени мигови.

 Во една пригода Душаниќ на авторот на монографијата ќе му рече: – Јас работев, сонував и се будев со мислата за развојот на Балкански. Таа моја љубов кон културата и фолклорот ја негував уште од млади години и среќен сум што останав во Охрид, овде свив гнездо и создадов семејство. Со многу љубов, ентузијазам и енергија му пристапувавме на секое издание, не само јас туку и многуте мои соработници. Некогаш и не бевме свесни за грандиозноста на фестивалот само насмеаните и ведри лица на гостите  од Балканот и целиот свет ни даваа потсрек да одиме натаму.

dusanic 1

Душаниќ, дружбата со Балканскиот фестивал ја има паралелно со неговото формирање, уште како референт за култура во Домот на култура „Григор Прличев“ во раните шеесетти и попатно режирал аматерски театарски претстави и бил близок соработник на директорот на Домот познатиот писател Видое Видически, еден од темелниците на фестивалот.

 Милорад Душаниќ бил директор на Балканскиот фестивал цели 27 години и секретар на Културно – просветната заедница на Охрид, 25 години и секретар на Охридските староградски средби 16 години, работниот век го завршува како директор на Домот на културата „Григор Прличев“ во Охрид,  институцијата во која на почетокот од деведесеттите од минатиот век се припојуваат вработените и дирекциите на  дотогашната КПЗ и Балканскиот фестивал и Староградските средби.

Во негово време Балканскиот фестивал е добитник и на тогашното највисоко Републичко признание за особено значајни остварувања во културно – просветната дејност од осебно значење за Социјалистичка Република Македонија наградата „Климент Охридски“ а фестивалот станува и член на низа меѓународни асоцијации препознатлив на каратата на нему сличните манифестации.

dusanic 2 copy copy

Милорад Душаниќ е идејниот творец – прв меѓу еднаквите при реализацијата на првата Монографија од 1982 година посветена на 20 годишнината од почетокот на Балканскиот фестивал. Тој во својот пригоден текст ќе ги покаже своите квалитети и како одличен пишувач и вљубеник во убавата реч: … Фестивалот е екран со постојано отворени простори на кој се гледа и огледува највредното културно благо на народите и народностите од балканските и прибалканските земји и други земји и народи. Носталгично, звучи народната мелодија која тука повеќе од каде било на друго место е поблиска до својот облик со треперливи преточувања низ виногорјето и златноозареното класје во сина питомина на зајдисонцето на оваа Брсјанија  издолжена широко на бреговите на морето – езерoто Охридско.

Извадок од Монографијата 60 г. Балкански фестивал – автор: Милчо Јованоски 

Авторските права се заштитени 

Публицитет.мк 

Посетеност: 104
Share
Previous Post

Заврши 60 – јубилеен Балкански фестивал, на затворањето настапи ФА „Бисери“

Next Post

Академик Миќуновиќ: Непожелната риба сончарка ја има во се’ поголем број во Охридското Езеро

Next Post
Академик Миќуновиќ: Непожелната риба сончарка ја има во се’ поголем број во Охридското Езеро

Академик Миќуновиќ: Непожелната риба сончарка ја има во се' поголем број во Охридското Езеро

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 104

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk