Еден од најпрестижните филмски фестивали во Европа но и во светот , секако е оној кој секоја година на почетокот на октомври се одржува во Лондон.
Историјата на овој фестивал вели дека тој започнал во 1953 година кога една група на филмаски критичари вклучувајќи го и Дилајс Пауел од Сандеј Тајмс, ја покренале идејата за филмски фестивал во Лондон. Нивното размислување било дека фестивалот во Лондон на публиката треба да и’ овозможи да ги види филмовите кои биле прикажани на престижните филмски фестивали како што се Кан, Берлин, Венеција… односно да ги видат оние филмови кои не би можеле да се појават на редовниот кино репертоар бидејќи се работи за филмови кои претежно не се комерцијални а со тоа и неинтересни за дистрибутерите.
Првично филмскиот фестивал имал за цел да биде „ фестивал на фестивалите“ фокусирајќи се притоа на избор на филмови кои биле прикажани на други европски филмски фестивали вклучувајќи ги Кан и Венеција.
Иако и понатака овој фестивал прогрмски го задржува имиџот на „ Фестивал над фестивалите“ , сепак тој во годините наназад доживеа извесни квалитетни промени кои му овозможија да биде фестивал на кој присуствуваат голем број на филмски професионалци и новинари од целиот свет.Освен тоа тој денес преставува фестивал кој овозможува презентација на нови филмови и нови таленти.
Филмската понуда која оваа година ја сочинуваат, 243 филмови кои доаѓаат од 67 земји и 15 кинематографии , е поделена во неколку програми како: гала програма, официјална програма , прва долгометражна конкуренција, документарна натпреварувачка програма, љубов, дебата, предизвик, смеа, возбуда, култ, патувања, семејсто, звук,експерименти настани.
Годинешното 61 . издание на фестивалот започна изминатата среда на 4. октомври а трае 12 дена до недела 15 .октомври. Него го следат над 800 новинари од целиот свет.
61-иот Лондонски филмски фестивал БФИ беше отворен со дебитантското остварување како режисер на познатиот актер Енди Серкис „ Дишење“ во кој главните улоги ги толкуваат Клер Фој и Ендрју Гарфилд
Филмот преставува инспиративна љубовна приказна за две несовршени човечки суштества кои им пркосат на шансите да си го остварат патот кон промените.Кога енергичниот и полн со авантуристички дух Робин Кевендиш ќе се сретне со самоуверената Дијанана на еден крикет натпревар , тие веднаш ќе се вљубат и ќе започнат љубовна романса. Набргу по нивната венчавка, тие се упатуваат кон Најроби, каде што Робин работи како брокер за чај. Но, нивниот нов заеднички живот нагло ќе се промени кога Робин ќе се разболи од вирусот полио и лекарите му даваат само неколку недели живот. Но Дијана тврди дека животот на нејзиниот сопруг не треба да биде ограничен од медицински и социјални предрасуди, Дијана ги игнорира сите совети и го зема од болница. Со поддршката на нејзините браќа-близнаци (и двата ликови играни од Том Холандер) и пријателот Теди (Хју Боневил), инаку професор од Оксфорд кој измислува инвалидска количка со респиратор, Дијана создава средина во која Робин може да напредува и продолжува да води долг и исполнет живот.
Филмот преставува вистинска приказна на родителите на Џонатан Кевендиш а сценариото го напишал Вилијам Николсон .
Гала програмата освен филмот на отварањето содржи уште десет филмови меѓу нив и филмот на затворањето именуван како:„ Трите билборди надвор од Единг, Мисури “ на режисерот Мартин мек Донаг кој беше прикажан на фестивалот во Венеција.Од позначајните филмови во оваа програма ќе ги споменеме уште и филмовите:
„Повикајте ме со Своето име“ италијанско француска копродукција во режија на Лука Гуадаџинино,потоа најновиот филм на познатиот американски режисер Александар Пејн „ Смалување “ со кој беше отворен фестивалот во Венеција а во кој главната улога ја толкува Мет Дејмон,филмот на режисерите Валери Ферис и Џонатан Дејтон со мошне интересен наслов „ Борба на сексовите“ кој што говори за сексуалната револуција во 70 тите години од изминатиот век, со Ема Стоун и Стив Карел во главните улоги како и последниот филм на режисерката Лин Ремзи насловен како „ Вие никогаш навистина не сте тука“во кој главната улога ја толкува Жоакин Феникс.
Во главната конкуренција по награди се натпреваруваат 12 филмови меѓу кои неколку кои беа прикажани на фестивалите во Кан и Венеција. Тука се филмовите:„ 120 отчукувања во минута“ на режисерот Робин Кампиљо кој беше награден во Кан, љубовната драма„ „љубовници“ на режисерот Азазел Џејкобс со Дебра Вингер и Трејси Лета , потоа австралискиот филм „ Слатка земја“ на режисерот Варвика Тортон кој ја освои специјалната награда на жирито на фестивалот во Венеција , Француско –швајцарскиот филм „ Градинарки“ на режисерот Ксавиер Беауви и други.
Жирито кое ќе одлучува за наградата во оваа категорија своите одлуки ќе ги соопшти во недела на 15.октомври.Награди за кои одлучуваат посебни жирија, ќе се доделуваат и за натпреварувачките програми: прва долгометражна конкуренција, документарна натпреварувачка програма и кусометражна натпреварувачка програма.
Оваа година спцијалната награда за визионерство „Тарнер“ ќе му биде доделена на англискиот режисер, сценарист ,продуцент и поранешен новинар Пол Грингарс. Без разлика дали станува збор за документарни филмови за “Светот во акција”, драматизации на реални настани со неговата потпишана употреба на рачни камери (“Крвава недела”, “Омаг”, “Убиството на Стивен Лоренс”) или високо кинематографски и трогателни трилери (United 93 , Bourne Supremacy, The Bourne Ultimatum, Џејсон Борн, Капетан Филипс), неговата мулти-наградувана работа и за малиот и за големиот екран го прави еден од највозбудливите и разноврсни филмаџии кои работат во филмот денес.
Пол ќе ја добие оваа престижна чест за неговиот креативен придонес во филмот и телевизијата на 14-ти октомври на специјална церемонија во центарот на Лондон.
Фестивалот во Лондон е познат по тоа што на него присуствуваат огромен број на гости кои на фестивалот ги промовираат филмовите кои се наоѓаат во некоја од програмите. Така, оваа година на црвениот килим се очекува да се најдат:актерите :Ема Стоун,Били Џин кинг, Клер Фој, Ендрју Гарфилд,,Колин Фарел, Никол Кидман, Брајан Кречтон, Кери Мулиган, Ричард Џенкинс, Вуди Харелсон, Френсис мек дорманд, Сем Роквел, Жоакин Феникс, Адам сендлер, Дастин Хофман, Ема Томпсон, Саорис Ронин, Беренис Бежо, Луис гарел, Рут Вилсон, Килиан Марфи, Тимоти Спол, Кристин Скот Томас… како и режисерите : Ендрју Серкис, Лука Гуадаџинино, Сем Клафин, Ричард Линклејтер, Шон Бенер, Семјуел моаз, Мишел Хазанависиус, Дејвид Финчер…
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк