Годинешното 68. издание на Берлинскиот филмски фестивал, инаку еден од трите најважни европски филмски фестивали од таканаречената А листа, се одржа во периодот помеѓу 15 ти 25 . февруари.
Се работи за еден од најстарите филмски фестивали кој е основан во 1951 година кога се одржувал на две години за од 1978 година редовно да се одржува секоја календарска година во февруари.Тој важи за еден од најпосетените филмски фестивали на светот .Оваа година биле продадени над 300 илјади влезни билети а на фестивалот беа прикажани вкупно 385 филмови од 72 земји ширум светот во неколку програми од кои секако најважна е главната програма во која беа селектирани 24 филма од кои 19 се натпреваруваа по главната награда „Златната мечка“.
Во саботата на свечена церемонија домаќин ,како и на отворањето, беше познатата германска актерка, комичарка, музичарка и водителка 52 годишната Анке Енгелке , која долги години наназад е домаќинка на овој престижен меѓународен филмски фестивал.
Претседател на годинешното жири беше познатиот германски режисер Том Тиквер познат по филмскиот хит „ Трчај Лола, трчај“ од 1998 година како и по неодамнешната тв серија „ Берлинскиот вавилон“.Како членови на годинешното жири беа : белгиската актерка Сесил де Франс, продуцентката Адел Романски, критичарот Стефани Захарек, композиторот Рајичи Сакамото и историчарот за филм Чема Прадо.
Жирито на 68. Берлинале одлучи „ Златната мечка“ да и’ припадне на романската режисерка Адина Пинтилие за нејзиниот дебитантски филм „ Не допирај ме“уметнички храбар и такаречи експериментален филм , кој беше прикажан на фестивалот во неговата завршница.Оваа одлука предизвика големо изненадување во Берлин . Иако филмот имал добри критики , филмот не бил сметан за фаворит за награда бидејќи се сметало дека е и премногу експериментален за еден ваков фестивал. Сепак, изненадувањето се случи.
„ Не ја очекував оваа награда. Мило ми е што дијалогот кој го промовира овој филм ќе го сврти целиот свет“ќе рече победничката при примањето на наградата.
На одлуката на главното жири му се прилкучи и одлуката на жирито за доделување на наградата „ Млада Златна Мечка“ за најдобар дебитантски филм.Така на годинешното Берлинале се случи по многу години на одсуство на романскиот филм во главната програма на овој фестивал оваа кинематографија на Берлиналто да оствари двојна победа.
Победничкиот филм на 38 годишната дебитантка Пинтилие , инаку видеоуметничка и документаристка , преставува хибрит на игран и документарен филм во кој се следи главната хероина , средовечна жена која има сексуален проблем бидејќи не може да трпи физички контакт со друга личност.Таа започнува низа терапевстки сеанси и интервјуа кои гледачите ги води во светот на тактилноста(чуството на допир).
Шокантниот аспект на филмот се бројните натуршчици , меѓу другите и еден трансвестит, човек со мускулна атрофија и човек кому не расте коса. Сите тие пред камерата учествуваат во терапивските сеанси кои се состојат од тоа да се научат да се допираат и да бидат допрени.
При тоа филмот се состои од повеќекратни инстанци на посматрање : главната хероина самата ги посматра луѓето кои ја интервјуираат , а неа преку дисплеј од компјутер ја следи режисерката – која ја игра Пинтилие.
Накусо, победничкиот филм преставува атипичен победник за еден ваков голем фестивал на кој се прикажуваат играни филмови. Станува збор за рудиментирана нарација која повеќе почива на поетиката на видео артот и галериското видео одколку на игран филм.
„ Сребрената мечка“ односно Големата награда на жирито ја доби наградуваната полска режисерка Малгоржата Шумовска , за нејзиниот филм „ Лице“. Станува збор за филм кој беше прикажан на последниот ден од натревачката програма и за кој владеело мислење дека е еден од можните кандидати за награда.
Оваа награда , според многумина била очекувана дотолку повеќе што се надоврзува на старата берлинска традиција за фаворизирање на политички провокативни филмови.
Дејствието на филмот се случува во едно малеко градче зад Карпатите во кое месниот бискуп и градоначалник го имаат во посед најголемиот кип на светот за Исус.Главниот лик во филмот е работникот Јацек ( Матеуш Кушукиевич)кој воочливо се разликува со останататите жители од малечкот градче: тој има долга коса, слуша хевиметал музика и е голем фан на „Металика“, мошне е привлечен и е во врска со најубавата девојка. Тој работи на градилиштето на идниот најголем кип на Исус. Но еден ден тој ќе падне од оградата во амбис во внатрешноста на кипот. Како последица од падот неговото лице е наполно деформирано.По неколку месеци тој излегува од боницата со ново трансплатирано лице – но изгледа изобличено, тешко говори и неможе чисто да зборува. Освен тоа тој е и неспособен за работа.Наместо да биде дочекан со грижа и внимание, Јацек ќе доживее од него да се откажат сите освен неговиот татко.Девојката го остава, мајка му верува дека во него влегол ѓаволот и организира егзорцизам, неговите сограѓани го нарекуваат губавец а децета се подбваат со него.
И сето ова се случува во амбиентот на побожната конзервативна , клерикална провинција во Полска.Целиот живот на заедницата пулсира во одржување на миси, причести и процесии , црквата задира во секоја пора од животот,а сепак –заедницата не може да биде помалку проникната од вистинското христијанство.
На Бадниковата вечер поднапиената родбина раскажува антисемитски шеги , бискупот се буни за тоа дека на градилиштето на кипот на Исус работат Цигани, роднините наЈацек над свеж гроб се караат околу наследството, а него кога му се најпотребни го игнорираат сите.
Таа полемика со празна идеологија на клерикализам ,режисерката Шумовска со ефектна метафора која удира директно вчело ,го завршува филмот.Огромниот кип на Исус кој се гради во градчето ќе заврши со искривена глава, за нарочно да биде свртена кон националнот светилиште во Честочова.Вашето христијанство- како да вели режисерката- го искривил Исус и тоа буквално.
Накусо , станува збор за филм кој уверливо и борбено полемизира со владеечката идеологија на Полска, што ретко каде се случува особено ако се знае дека тоа истото го направи изминатата година на овој фестивал и нејзината повозрасна колешка Егнешка Холанд со филмот “ Покот“ или „ Трага на животно“.
Дебитантскиот филм „ Наследнички“на Марсело Мартинези од Парагвај ја доби наградата за иновативност „ Алфред Бауер“ но и наградата на критиката „ Фипресци“.
Наградата за најдобра режија , сосема очекувано , му припадна на американскиот режисер Вес Андерсон за анимираниот филм „ Островот на кучињата“кој го отвори годинешниот фестивал. Инаку филмот цело време беше на првото место на листите на критичарите како најдобар. Во отсуство на режисерот Вес Андерсон , на сцената за да ја прими наградата Сребрена мечка за најдобра режија , се искачи актерот Бил Мареј кој по примањето на наградите во негов стил рече:„ Дојдов како куче, а ќе си заминам како мечка“.
Наградата „Сребрена мечка“ за најдобра женска улога и припадна на Ана Брун за улогата во филмот „ Наследнички“, што се смета за особено значајно бидејќи филмот се занимава со прашањето на женската хомосексуалност.
Во машка конкуренција наградата„ Сребрена мечка“ за најдобра машка улога ја освои младиот француски актер Антони Бажону за улогата во филмот „ Молитва“ на режисерот Седрик Кан, каде играше улога на зависник од дрога кој се обидува да се излечи од својата зависност.
Мексиканскиот филм „ Музеј“ на режисерот Алонсо Руиз Палациос ја освои наградата „ Сребрена мечка“ за најдобро оригинално сценарио.
„ Сребрена мечка“за исклучителен придонес на филмот и беше врачена Елена Окопнаја за костимографијата и сценографијата во руско- српскиот филм „Довлатов„ на режисерот Алексеј Герман јуниор.
Наградата „ Златна мечка“ за најдобар документарен филм ја освои австриската режисерка Рут Бекерман за филмот „ Валдхајмовиот валцер“ кој говори за скриеното нацистичко минато на Курт Валдхјам ,некогашниот челник на Обединетите нации.
Според многу критичари и проследувачи на фетивалот во Берлин , годинешното издание било едно од најлошите во последните 20 години.Од таму и не зачудува и заклучокот дека е дојдено време за промени во раководството на чие чело од 2001 година се наоѓа директорот Дитер Кослик кому мандатот му истекува во смесец мај во следната 2019.година. Со други зборови публиката која е мошне приврзана за овој фестивал , се надева дека барем следното 69 . издание нема биде полошо од годинешново.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк