Помалку е познато дека еден од најстарите европски но и светски филмски фестивали секоја година се одржува во швајцарскиот град Локарно.
69. Локарно Фестивалот се одржува во континуитет од 1946 година и заедно со Канскиот , Венецијанскиот и оној во Карлови Вари во Чешка , преставува најстар филмски фестивал. Оваа година тој го имаше своето 69 издание . Негов заштитен знак е тоа што проекциите на филмовите се одржуваат под отворено небо , односно на градскиот плоштад Piazza Grande, каде фестивалот можат да го следат и до 8000 гледачи кои проекциите на филмовите ги следат на огромно филмско платно со димензии 26х14 метри
Годинешниот фестивал се одржа во периодот помеѓу 3 и 13 август. На фестивалот на независниот филм кој се одржува на брегот на езерото Маѓоре, оваа година беа прикажани 250 филмови од сите страни на светот.
Програмата на фестивалот содржи неколку натпреварувачки програми чии филмови ги оценуваат посебни жири комисии составени од познатои филмски творци.Фестивалот заврши во саботата на 13. август кога беа соопштени добитниците на наградите.Главната награда на фестивалот е „Златен јагуар“.
Во ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ПРОГРАМА филмовите ги оценуваше жири кое беше предводено од познатиот мексикански режисер Артуро Рипштајн. Тие одлучија главната награда на фестивалот ЗЛАТЕН ЛЕОПАРД ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ да му ја доделат на филмот „ БЕЗБОЖНИЦА“ на режисерката Ралица Петрова кој преставува нејзин дебитантски игран филм по трите кусометражќни филмови што таа досега ги реализирала. Филмот преставува бугарско данско француска копродукција.
Главната хероина на овој филм , Гана , живее во едно провинциско градче во Бугарија каде работи како негователка на повозрасни луѓе кои боледуваат од деменција. Таа во истовреме ги продава нивните лични карти на илегалниот пазар за лажни идентитети.Таа живее заедно со својата невработена мајка која финансиски ја издржува , но со која такаречи и не разговара.Љубов не пронаоѓа ниту во врската со нејзиното момче кое е автомеханичар. Откако сексуалната привлечност меѓу нив двајца исчезнала,нивната единствена интимна врска меѓу нив е заедничката зависност од морфиумот.Се чини ништо не може да ја разбуди нејзината совест, дури ни случајното убиство на еден од пациентите поради што би можело да се откријат нејзините незаконски постапки.
Главната улога во филмот ја толкува ИРЕНА ИВАНОВа која ја освои наградата ЛЕОПАРД во категоријата НАЈДОБРА ЖЕНСКА УЛОГА.
Наградата ЛЕОПАРД ЗА НАЈДОБРА МАШКА УЛОГА ја освои полскиот актер АНЏЕЈ СЕВЕРЈАН за улогата во филмот „ Последното семејство“ на режисерот Јан Р. Матузински.
За најдобар режисер на годинешниот фестивал во Локарно во категоријата „Интернационална програма “ е прогласен португалецот ЖОАО ПЕДРО РОДРИГЕЗ . Нему му припадна наградата ЛЕОПАРД ЗА НАЈДОБРА РЕЖИЈА за филмот „ Орнитологист“.
СПЕЦИЈАЛНАТА НАГРАДА НА ЖИРИТО му припадна на филмот СРЦА СО ЛУЗНИ на романскиот режисер Раду Жуде.Филмот преставува романско германска копродукција а дејствието е сместено во 1937 година. Филмот е инспириран од истоимениот роман на романскиот писател Макс Блечер.
Филмот ја следи приказната на Емануел ,маж во раните дваесети години од неговиот живот, кој боледува од туберкулоза на коските и своите денови ги поминува во еден санаториум на брегот на Црното море.Откако ќе се вљуби во една пациентка , Емануел започнува да ја раскажува приказната за своите и напорите на другите пациенти да водат исполнет живот додека нивните тела полека пропаѓаат, но нивните умови одбиваат да се предадат.
Жирито му додели ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ на италјанско австрискиот филм МИСТЕР УНИВЕРЗО на режисерите Тица Кови и Рајнер Фимел.
За филмовите од програмата ФИЛМАЏИИ НА СЕГАШНОСТА одлучуваше жири кое беше предводено од познатиот италијански режисер Дарио Арџенто. Тие одлучија наградата за најдобар филм ЗЛАТЕН ЛЕОПАРД да му ја доделат на филмот ЧОВЕЧКИ БРАНОВИ аргентинско, бразилско португалски филм во режија на Едуардо Вилијамс.
СПЕЦИЈАЛНАТА НАГРАДА НА ЖИРИТО во оваа категорија му припадна на филмот ПРЕДИЗВИК,италијанско, француско швајцарски филм во режија на Јури Анкарами.
Наградата за најдобар РЕЖИСЕР во оваа категорија му припадна на јапонскиот режисер МАРИКО ТЕТСУРА за режијата на филмот „ Деструктивни бебиња“.
Аргентинскиот СОВРШЕНА ИДНИНА ја понесе наградата за најдобар филм во категоријата ПРВ ИГРАН ФИЛМ за кои одлучуваше жири предводено од англискиот критичар ЏОНАТАН РОМНИ. Режисер на филмот е аргентинскиоѕт режисер Неле Волхац.
Во категоријата ЛЕОПАРДИ НА ИДНИНАТА победи француско белгискиот филм РОМАНСА на режисерот Менон Коубија. Жирито кое одучуваше за наградите од оваа категорија беше предводено од германскиот режисер ЕДГАР РАЈЦ.
Наградата на публиката му припадна на Канскиот победник ЈАС, ДАНИЕЛ БЛЕЈК на режисерот КЕН ЛОУЧ.
На отворањето на фестивалот , на 3. август, на француската актерка и пеачка ЏЕЈН БИРКИН и беше врачена наградата ПОЧЕСЕН ЛЕОПАРД за животно дело. Во нејзина чест најпрвин беше прикажан кусометражниот филм на младиот швајцарски режисер Тим Ван Гунтен посветен на неа како и два филма во кои учествува таа како актерка.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк