• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

71. Германски филмски награди ЛОЛА

октомври 8, 2021
in Филмољубие
71. Германски филмски награди ЛОЛА

Во петокот на 1. октомври во Берлин во палатата Функтурм се одржа традиционаната церемонија на доделувањето на филмските награди кои ги доделува Германската филмска академија.

lola1a

Потсетување , дека оваа награда за првпат е доделена во 1951 година која се доделувала по одлука на специјално жири во вид на пехар во повеќе категории. Од 1999 година наградата го добива името „Лола“која преставува специјално дизајнирана статуетка која наликува на наградата Оскар.Од 2005 година улогата на жирито (во кое седеле и политичари па дури и свештеници)ја превзема Германската филмска Академија.Одлуката за доделување на наградите ја донесуваат повеќе од 2100 членови на Германската филмска Академија од сите уметнички гранки на филмската индустрија.Треба да се напомене дека овие награди преставуваат највисоките парични награди во областа на културата. Вкупниот фонд за прераспределба изнесува ,безмалку ,3 милони евра , поточно 2 милиони и 995 иљади евра.

Во категоријата најдобар игран филм се номинираат по шест филмови. Самата номинација на филмот му носи парична награда од 250 000 евра.Во категоријата најдобар документарен филм се номинираат по три филмови кои добиваат по 100 000 евра. Во категоријата најдобар детски игран фил се номинираат по два филма а номинацијата им носи по 125 000 евра.Во категориите за поединечни остварувања(режија,главна машка и женска улога, споредна машка и женска улога, кинематографер, сценарио, музика, сценографија, костимографија, специјални ефекти…) се номинираат по тројца кандидати. Наградениот во сите овие категории , покрај статуетката Лола добива и парична награда од 10 000 евра.

Во категоријата за Најдобар игран филм се доделуваат три награди:

Златна ЛОЛА и парична награда од плус 250 000 евра

Сребрена ЛОЛА  и парична награда од плус 170 000 евра и

Бронзена ЛОЛА и парична награда од плус 120 000 евра

Во категоријата најдобар детски филм победникот покрај Златната Лола добива уште 125 000 евра парична награда а победникот во категоријата најдобар документарен филм покрај статутката Златна Лола добива уште 100 000 евра.

lola1

Оваа година во трката по наградата за Најдобар филм беа избрани филмовите:

ЈАС СУМ ТВОЈОТ ЧОВЕК во режија на Марија Шрадер

ФАБИЈАН ИЛИ ПРОШЕТКА  ДО КУЧИЊАТА  на режисерот Доминик Граф

КУРВЕБАЛ – НИЕ ЈА ПРАВИМЕ ВИСТИНАТА  на режисерот Кристијан Швохов

ЈАС СУМ КАРЛ во режија на Кристијан Швохов

ШАХОВСКА НОВЕЛА на режисерот Филип Шталцл и

И УТРЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ во режија на Јулија Фон Хајнц

lola2

Најголем број на номинации, десет, оваа година имаше филмот„ Фабијан или прошетка до кучињата“, но освои само три награди Лола и тоа : Наградата Сребрена Лола за најдобар игран филм како и наградите за најдобар кинематиографер и најдобра монтажа.

Бронзената Лола за најдобар филм му припадна на филмот „Курвебал – Ние ја правиме вистината“ во режија Кристијан Швохов.

lola3 copy

Главната награда Златна Лола ја освои филмот „ Јас сум твојот човек“ во режија на Марија Шредер.Овој филм освои уште три награди: За најдобро сценарио, најдобра режија и најдобра женска улога за актерката Марен Егерт, со што стана најнаградуваниот филм за оваа година заедно со научно фантастичниот филм „ Плими“ во режија на Тим Фелбаум кој освои истотака четири награди Лола но во категориите најдобра сценографија, шминка, визуелни ефекти и филмска музика.

lola4

Режисерката Марија Шредер на наградата се заблагодари преку видео порака од Њујорк каде работи на својот нов филм. Таа на присутните и се обрати со зборовите:„Сега сум навистина трогната“. Победничкиот филм на Шредер ќе биде преставник на Германија  и во трката по наградата Оскар во категоријата Најдобар странски филм.

Оваа траги комедија зборува за односот човек – робот. Режисерката поставува две современи прашања : Што е среќа и што е потребно за да бидете среќен ?Дали роботот може да ги замени луѓето не само на функционален туку у на емотивен план?

lola5

Наградата за најдобра машка улога му припадна на актерот Оливер Масучи за улогата во филмот „Застршувачки ужасно“  во режија на Оскар Ролер каде го игра ликот на режисерот Рајнер Вернер Фасбиндер.

lola6

Наградата Лола за најдобра женска споредна улога и припадна на Лорна Ишема за улогата во филмот „Ајви како Иви“во режија на Сара Блашкевиц.Оваа црномуреста актерка во филмот го игра ликот на Шоко , една од двете сестри која раскажува за смртта на нивниот татко.Инаку, Лорна Ишема е првата обоена актерка кој ја добила наградата Лола.

lol7

Во машка категорија наградата му припадна на актерот Торстен Мартен за улогата во филмот „Курвебал – Ние ја правиме вистината“во режија на Јоханес Набел. Филмот преставува горчлива политичка драма за лажни вести, лична кариера и игри за политичка моќ која дури ја оправдува војна та во Ирак во 2003 година.

lola8

Наградата Лола за најдобар детски филм му припадна на филмот „ Вените на светот “ во режија на Бајбасурен Дава а за најдобар документарен филм е прогласен „Господин Бахман и неговата класа“ во режија на Марија Шпет. Филмот преставува трогателен портретза наставникор Дитер Бахман и неговиот посебен однос со учениците.

Наградата за најпопуларен филм од страна на публиката му припадна на комедијата „Ноќен живот“.

lola9

Годинава актерката и продуцентка Сета Бергер ја доби почесната награда за извонреден придонес во германскиот филм.Таа е една од најуспешните и најпознатите актерки во Германија кој направи и интернационална кариера во која настапи покрај многу познати филмски ѕвезди како Кирк Даглас, Чарлтон Хестон и Ален Делон.Председателот на филмска Академија ,Улрих Метс , во образложението за наградата ќе рече дека „Таа ни даде силни , повеќеслојни и секогаш автентични женски ликови кои беа водени од нејзината огромна виталност и изразена љубопитност“.Актерот Марија Брандауер говорејќи за неа ќе рече: „ За нас Вие сте лавица“.

3w993qhighc0.bild

Наградите Лола вообичаено се доделуваа во пролет (мај, јуни). Оваа година церемонијата на доделувањето на наградите се одржа на првиот ден од октомври и тоа пред полна сала со публика (1200 гости)по година и пол од пандемијата. Модератор на церемонијата беше Даниел Донској кој својот настап го започна со пеење и танц како еден вид на химна за големото платно.

lola10

На почетокот на церемонијата , пред доделувањето на наградите актерот и председателот на филмската Академија Улрих Матес им се обрати на присутните со неколку реченици во кои ги повика сите филмски работници и публиката да му се вратат на филмот и филмската уметност.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 135
Share
Previous Post

Ангелоска: Граѓаните знаат да ги препознаат вистинските вредности и само заедно можеме да го направиме Охрид подобро и посакувано место за живеење

Next Post

Лукаревска во Охрид: Луѓе со достоинство, со чесност, со почитување, тоа е концептот „Едно општество за сите“ што го гради СДСМ

Next Post
Лукаревска во Охрид: Луѓе со достоинство, со чесност, со почитување, тоа е концептот „Едно општество за сите“ што го гради СДСМ

Лукаревска во Охрид: Луѓе со достоинство, со чесност, со почитување, тоа е концептот „Едно општество за сите“ што го гради СДСМ

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 135

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk