Во четвртокот на 3.јуни, Пјер Лескур и Тиери Фремо ја преставија годинешната официјална програма на Канскиот филмски фестивал кој оваа година треба да се одржи од 6 до 17 јули .2021 година. Конференцијата за печат на која беше обелоденета годинешната програма се одржа во Париз.Инаку, фестивалот првично беше закажан за периодот од 11 до 22 мај. 2021 година но заради пандемијата беше презакажан за јули. Уште во март беше објавено дека председател на годинешното жири ќе биде американскиот режисер Спајк Ли , кој требаше да ја има истата функција изминатата година кога тој не беше одржан.
Во главната натпреварувачка програма во трката по Златната палма оваа година има дури 24 филма кои се потпишани од многу познати имиња од кои некои од нив веќе биле наградени на овој фестивал.
Интересно е да се напомене дека земјата домаќин ,Франција, е најзастапена во натпреварувачката програма. Таа учествува со три чисто француски филмови и со учество во 13 копродукции со други земји.
Така , филмот кој ќе го отвори фестивалот е француско , германско ,белгиска копродукција
Уште на 20 мај, беше објавена веста за тоа кој филм ќе биде прикажан на отворањето на годинешниот фестивал.Честа му припадна на филмот „Анет“ на режисерот Леос Каракс кој преставува мјузикл драма. Тоа е првиот филм на овој режисер кој е снимен на англиски јазик.Дејствието на филмот е сместено во современиот Лос Анџелес и ја раскажува приказната за Хенри, стенд- ап комичар со жестока смисла за хумор и Ен , пејачка со меѓународно реноме. Тие се совршена двојка, здрави, среќни и гламурозни.Раѓањето на нивното прво дете, Анет, мистериозно девојче со исклучителна судбина , ќе ги промени нивните животи.
Во овој шести игран филм на режисерот Каракс , главните улоги ги толкуваат Маријон Котијар, Адам Драјвер и Сајмон Хелберт.
Филмот во истиот термин од 6 јули ќе започне да се прикажува и во француските кино сали.
„Секој филм на Леос Каракс е настан.И овој ги остварува своите ветувања. „Анет“ е подарок на кој се надеваат љубителите на филмот , музиката и културата , оној за кој копнеевме во текот на изминатата година“ вели председателот на Канскиот фестивал , Пјер Лескур.
„ Не можевме да сонуваме за поубава средба со киното и сребреното платно, во палатата на фестивалот каде што филмовите доаѓаат да го истакнат својот сјај“ вели директорот на фестивалот Тиери Фремо.„Филмот на Каракс е израз на овие моќни гестови, овие мистериозни алхемии што ја прават тајната на модерноста и вечноста на киното“ заклучува тој.
Сите три француски филмови кои ќе бидат прикажани на фестивалот во Кан , токму таму ќе ја имаат својата светска премиера.Тоа се филмовите „Фрактура“ на режисерката Кетрин Корсини во кој главната улога ја толкува Валерија Бруни Тедесчи.
Познатиот режисер Жак Одијар, инаку чест гостин на фестивалот во Кан , оваа година се натпреварува со драмата „Париз, 13 тиот округ“.
Еден од најпродуктивните француски режисери од средната генерација, Франсоа Озон , инаку истотака чест гостин во Кан, оваа година доаѓа со драмата „Се’ што помина во ред“во кој ннастапуваат Софи Марсо, Андре Дусолие, Шарлота Ремплинг Хана Шигула и Ерик Каравака.
Во натпреварувачката програма учествуваат и следните филмови:
„Приказната на мојата сопруга„ на режисерката Илдико Енједи кој преставува унгарско ,француско ,германско, италијанска копродукција.
„Бергмански остров“драма во режија на француската режисерка Миа Хансен- Лове . Во оваа копродукција помеѓу Бразил, Франција, Германија и Мексико , главните улоги ги толкуваат:Вики Криос, Тим Рот и Миа Васиковска.
Јапонија на фестивалот ќе биде преставена со филмот „ Возете го мојот автомобил“ на режисерот Рјусуке Хамагучи.
САД во званичната конкуренција се натпреваруваат со три филмови.тоа се:
Трилерот „Ден на знамето“ на режисерот Шон Пен во кој тој игра една од главните улоги а тука се уште и Дилан Пен и Џош Бролин.
Комичната драма „Црвената ракета “ на режисерот Шон Бејкер и филмот „Францускиот диспечер“ на познатиот режисер Вес Андерсон.Во овој филм кој е составен од три приказни настапува многубројна актерска екипа ,што е препознатливо за овој режисер. Така во филмот настапуваат:Бенисио Дел Торо, Адриен Броди, Тилда Свинтон, Леа Сејду, Френсис Мек Дорман,Бил Мареј, Овен Вилсон, Тимоти Чаламет, Џефри Рајт, Метју Алмарик…Ако дојдат сите во Кан тешко е дека ќе има место за сите на црвениот килим (разбира се , доколу ќе има таква можност).
„ Коленото на Ахед“ е во режија на Надав Лапид и преставува изреалско француска копродукција.
„Казабланка бити“ е мароканско француска копродукција која како режисер ја потпишува Набул Јашар.
Од северот на Европа доаѓаат ,„Преграда бр.6“ на режисерот Ноухо Куосманен , руско финска копродукција и филмот „„Најславното лице на светот“ во режија на норвежанецот Јоаким Триер како норвешко, шведско француска копродукција.
Оваа година е евидентно одсуството на неколку земји како Шпанија, Полска, Романија …
Но тука е филмот на рускиот режисер Кирил Серебреников „Грипот на Петров“ кој преставува руско, германско француско шведска копродукција.
Од далечната Австралија во трката по Златната палма ќе се натпреварува филмот
„Нитрам“ на режисерот Џасти Курцел.
Тајландскиот режисер Апичаптонг Верасетакул во Кан доаѓа со својот најнов филм „Меморија“ кој преставува копродукција помеѓу Колумбија, Франција, Германија, Мексико, Тајланд, и Велика Британија.
Италија и Франција како копродуценти соработуваат на два филма. Едниот е во режија на познатиот италијански режисер Нани Морети, кој енаградуван на канскиот фестивал ,со филмот „Три ката“а вториот е на француската режисерка Џулија Дукурна која стои зад филмот „ Титан“.
Франција како копродуцент се појавува уште во три филма. Тоа се:„Лингви“на режисерот Махамат –Салех Харун , кој преставува копродукција помеѓу Белгија, Чад, Франција и Германија, филмот „Франција“ на францускиот режисер Бруно Думонт со Леа Сејду во главната улога кој е копродукција помеѓу Франција, Италија, Германија и Белгија и филмот „Бенедета“ на познатиот режисер од Холандија Пол Верховен со Вирџин Ефира и Ламбер Вилсон во главните улоги.
А од Белгија во Кан доаѓа филмот „Немирни“ на режисерот Јоаким Лафосе.
Листата на филмови од званичната конкуренција ја заклучува двојнот оскаровец и добитник на многу други награди, ирачанецот Асгар Фархади , со својот најнов филм „Херој“.
На прес конференцијата во четвртокот беа објавени и имињата на филмовите во другите пропратни програми: Програмата „Извесен поглед“со 18 филмови од кои една третина (шест филмови) се дела на дебитанти, и „Надвор од конкуренција“со шест филмови.
Програмата „Премиера во Кан“ содржи 10 филмови а „Специјални проекции“ пет.
Оваа година почесната награда „Златна палма“ ќе и биде доделена на американската актерка Џоди Фостер.Таа ќе биде почесен гостин на свеченото отворање кое ќе се одржи на сцената на Палатата на фестивалите во вторник на 6 јули, кога ќе започне фестивалот кој ќе трае до 17. Јули.
Следејќи ги Жана Моро, Бернардо Бертолучи, Џејн Фонда, Жан Пол Белмондо, Маноел де Оливеира, Жан Пјер- Лео, Ањес Варда и Ален Делон, Џоди Фостер ќе ја добие почесната палма на фестивалот како признание за бриљантното уметничко патување и единствена личност со скромна, но силна посветеност на некои од главните проблами на нашето време.
Џоди Фостер за прв пат во Кан дојде во мај 1976 година како 13 годишно девојче кога се искачи по скалите на Кроазета и се престави со филмот „Таксист“ на Мартин Скорсезе и ја освои „Златната палма“. 45 години подоцна Џоди Фостер уште еднаш се враќа во Кан за да ја добие Златната палма , овој пат само за себе.
Како ќе се одвива годинешново издание на фестивалот среде лето, останува да видиме.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк