• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, мај 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

76. Венецијански филмски фестивал – Награди

септември 8, 2019
in Филмољубие
76. Венецијански филмски фестивал  – Награди

Синоќа на свечена церемонија беа доделени наградите на годинешното 76.издание на Венецијанскиот филмски фестивал, инаку најстара филмска смотра.

ven 1

И веднаш да кажеме дека главната награда Златен лав за најдобар филм ја освои американскиот филм „ Џокер“ на режисерот Тод Филипс. Наградата на режисерот му ја врачи долгогодишниот директор на фестивалот Паоло Барата.

На сцената  режисерот Тод Филипс беше во придружба на актерот Жоакин Феникс кој феноменално го толкува главниот лик во филмот Џокер.

Филмот говори за потеклото  на познатиот негативец од серијалот за Бетмен. Филмот ја следи трансформацијата на Џокер од ранлив осаменик до самоуверен негативец. Оваа трансформација на фантастичен начин ја долови актерот Жоакин Феникс за што доби извонредни критики и стана уште од сега еден од главните кандидати во трката по наградата Оскар.

ven 2

Сребрениот лав или Големата награда на жирито му припадна на воената драма

„ Обвинувам“ на режисерот Роман Полански. Станува збор за филм кој ја следи антисемитската афера Драјфус во Франција која се случила кон крајот на 19 век.

Нагрдата во името на Полански ја превзеде неговата сопруга Емануел Сење која толкува една од главните улоги во филмот покрај Жан Дужарден кој го игра ликот на потполковникот Жорж Пикар кој го рехабилитира неправедно обвинетиот француски офицер за предавство на крајот од 19 век.

Инаку сврстувањето на филмот во главната програма на годинешниот фестивал во Венеција  предизвика полемики заради судскиот прогон  на Полански за силување на малолетничка  во 1977 година во САД.

ven 3

Наградата за најдобра женска улога, именувана како „Копа Волпи“, ја освои 64 годишната француска актерка  Аријана Аскарид за улогата во филмот  „ Светска слава“на режисерот Робер Гедигијан.

 ven 4

За најдобар актер оваа година е прогласен италијанскиот актер Лука Маринели за улогата во филмот „ Мартин Еден“ на режисерот Пијетро Марчело. Филмот преставува адаптација на романот напишан од Џек Лондон.

ven 5

Сребрениот лав за најдобар режисер му припадна на шведскиот режисер Рој Андерсон за филмот „За бескрајот“.

         ven 6              

Наградата за најдобро сценарио му припадна на хонконгшкиот сценарист Јонфан за филмот кој го потпишува и како режисер „ Број 7 Чери Лејн“.

ven 7

Посебна награда жирито му додели на италијанскиот филм„ Ниту мафијата не е она што беше некогаш“ на режисерот Франко Мареско.

ven 8

Наградата именувана како Марчело Мастројани  за најдобар млад актер/ актерка , му припадна на австралискиот актер Тоби Валас за улогата во филмот „ Бејбитејт“ на режисерката  Шенон Марфи.

  ven 9             

Годинешното жири кое одлучуваше за годинешните награди беше предводено  од аргентинската режисерка и сценаристка Лукреција Мартел.Останати членови на жирито беа:Пирс Хандлинг-канадски критичар и извршен директор на филмскиот фестивал во Торонто,Мери Харон- кандаска режисерка, Стејси Мартин- француска актерка, мексиканскиот кинематографер Родриго Прието, јапонскиот режисер и актер Шинија Тсукамото и италијанскиот режисер и сценарист Паоло Вирзи.

  ven 10         

Оваа година наградите Златен лав за животно дело им припаднаа на шпанскиот режисер Педро Алмодовар и британската актерка Џули Ендрјус.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 52
Share
Previous Post

Публицитет.мк: Честит Ден на независноста на нашата татковина, драги читатели!

Next Post

Градоначалникот Ногачески празникот го честита со стихови од Гане Тодоровски

Next Post
Градоначалникот Ногачески празникот го честита со стихови од Гане Тодоровски

Градоначалникот Ногачески празникот го честита со стихови од Гане Тодоровски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 52

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk