• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

94. Оскари: „Кода“ триумфира како најдобар филм

март 28, 2022
in Филмољубие
94. Оскари: „Кода“ триумфира како најдобар филм

Нискобуџетниот филм на режисерката Шан Хедер освои Оскар за најдобар филм на 94-тото свечено доделување на наградите на американската Академија на филмски уметности и науки, во театарот Долби во Лос Анѓелес.

Трагикомедијата „Кода“ („Coda“), нискобуџетен филм за комплицираниот живот на едно глувонемо семејство и нивната ќерка која слуша, ја доби највисоката награда на Оскарите, изненадувачки победувајќи ги сите свои конкуренти. 

Филмот ги освои наградите во сите три категории во кој беше номиниран – за најдобар филм, најдобро адаптирано сценарио (за режисерката Шан Хедер) и за споредна машка улога ( за глувонемиот актер Трој Костур).

Во категоријата за главната награда беа номинирани филмовите „Белфаст“, „Don’t Look Up“, „Drive My Car“,  „Dune“, „King Richard“, „Licorice Pizza“, „Nightmare Alley“, „The Power of the Dog“ и „West side story“.

Новозеландската режисерка Џејн Кемпион освои Оскар за најдобра режија за филмот „The Power of the Dog“.

Џејн Кемпион е трета режисерка во историјата на Оскарите награддена со златната статуетка за најдобра режија

Џејн Кемпион е трета режисерка во историјата на Оскарите награддена со златната статуетка за најдобра режија

Мрачниот психолошки вестерн освои најмногу, вкупно 12, номинации за престижната филмска награда, додека режисерката е трета жена која освоила Оскар во оваа категорија по Кетрин Биглоу во 2010 и Клои Жао во 2021 година.

Џејн Кемпион во 1994 година освои Оскар за најдобро адаптирано сценарио за филмот „Пијано“.

Најмногу награди освои научно-фантастичниот спектакл „Дина“ („Dune“) – пет. Наградата за најдобра споредна женска улога ја освои Аријана Дебоуз („West side story“). Наградата за најдобро оригинално сценарио ја освои филмот „Белфаст“. За најдобар странски филм е наградена јапонската драма „Drive My Car“.

Аријана Дебоуз со Оскарот за најдобра женска споредна улога

Аријана Дебоуз со Оскарот за најдобра женска споредна улога

За време на церемонијата беше упатена и поддршка за Украина. 

Џесика Честејн која доби Оскар за главна женска улога во филмот „Очите на Тами Феј“ (The Eyes of Tammy Fey”), веќе беше двапати номинирана за Оскар.

Вил Смит доби Оскар за најдобар глумец за улогата во филмот „Кралот Ричард“ („King Richard“) посветен на сестрите тенисерки Серена и Венус Вилијамс. Тој доби Оскар по првата номинација за оваа награда пред 20 години за улогата во филмот „Али“.

Извор: www.dw.com 

Посетеност: 148
Share
Previous Post

Во Охрид се одржа едукативен перформанс за превенција од трговија со луѓе

Next Post

Кирил Петков е оптимист за брзо надминување на спорот

Next Post
Кирил Петков е оптимист за брзо надминување на спорот

Кирил Петков е оптимист за брзо надминување на спорот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 148

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk