За еден човек, нема поголем непријател од друг човек, ако е тој лош, ниту подобар пријател и поголема помош ако е тој добар.
Меѓу луѓето низ чаршијата, а и меѓу моите пријатели на прашањето каде нивните деца ќе го продолжат образованието, добивам најчест одговор дека нема да го продолжат образованието, нема потреба да одат ниту во средно училиште зашто сè има на паметните телефони. Еден татко го пушта синот да тренира кошарка, а формално е запишан во средно училиште каде поминува и завршува без еднаш да седне во училишна клупа, преку интернет прател настава. Немало потреба да троши време за учење, но затоа има време за коцка и дрога. Друг татко, исто така детето му е запишано формално во средно училиште, а постојано го држи со себе со изговор дека го учи на бизнисот. Школото се учело на улица. Пред недела дена ја шетав внуката и во паркот на градскиот плоштадот деца на возраст од 9 години се играа и едно дете им викаше на другите да не јадат благо зашто се добивало болест. Родителите од славеникот ги замолија да влезат во ресторанот зашто се сечела роденденската торта. Децата во хор одговорија дека благо не јадат. Јас се вмешав и ѝм реков дека ќе го навредат славеникот ако не ја пробат тортата, а „водачот“ го прашав како се вика шеќерната болест медицински што наводно ја имал. Не знаеше да одговори но другарчето го зеде телефонот и од него прочита дека се вика „дијабетес“.
Со глупавост се опишува индивидуа карактеризирана со незнаење и за постапување на погрешен начин. Глупоста е несоодветен став усвоен од некои поединци. Кои се тврдоглави и инсистираат на реализација на проект или цел без да ги мерат последиците или да ги земат предвид дадените совети, постапувајќи невешто, па дури и игнорантно. Затоа, глупоста на луѓето покажува малку мудрост и колку се незаинтересирани да постапуваат неправилно и неинтелигентно. Исто така, глупавоста може да генерира и дела на зло со дејствување на последиците од сработеното. Завршуваат лошо затоа што почнуваат од глупави идеи кои не водат никаде освен во поголеми проблеми.
Глупавите луѓе послабо ги проценуваат ризиците, па затоа се подготвени да го преземат светот без страв од последиците од нивните постапки. Глупи луѓе се насекаде. Се собираат, формираат тимови, соработуваат и така постигнуваат резултати. Влегуваме во ерата на глупавите каде паметните луѓе ќе станат загрозен вид. Глупавите луѓе ќе раѓаат уште поглупави луѓе. Ќе се намножат и ќе стане карактеристика на човештвото. Интелектот, моќта и способноста на човекот за сфаќање, разбирање, спознавање, ќе се пренесат на нашите уреди и паметно нешто во нашите животи ќе биде паметниот телефон.
За крај ќе ја спомнам нашата народна „не знае каде тера“! Размислете каде одиме! Глупоста е најголемиот извор на зло. Алберт Ајнштајн рекол: „Светот нема да биде уништен од оние што прават зло, туку од оние што го гледаат и не прават ништо“.
Пишува
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид
Публицитет.мк